Соган долма е многу интересно јадење кое спаѓа во “јадења на лажица”. Го сакаат и оние кои сакаат само печени и пржени јадења. Ова дури може да се нарече и варена верзија на бурек.

Инаку, називот потекнува од турскиот јазик и значи: Полнет кромид, а некаде го нарекуваат и кромидарник.

Потребни состојки:

600 г кромид, најдобро ситни главици
1 чајна лажичка мелен црвен пипер
50 мл оцет (1/2 филџан)
400 мл кисела павлака

за фил:

100 г ситно сечкан кромид
400 г мелено јунешко месо
80 г ориз, најдобро со заоблено а не со долгнавесто зрно
2 супени лажици концентрирано доматно пире
1 лажичка сол
1 поголемо јајце
1 супена лажица масло

Постапка:

Потсечете ги врвовите на излупените главици кромид. Ставете ги да се сварат во вода, во која сте додале малку оцет. Внимавајте да не ги преварите.

Потоа процедете ги од топлата вода и прелијте ги со ладна. Главиците кромид мора да бидат ладни кога ќе ги раслојувајте.

Со прстите притискајте и истиснувајте ги слоевите, т.е. прстените на кромидот – долми. Од една главица кромид се добиваат повеќе долми кои потоа се полнат со фил.

Поголемите долми се полнат со прсти, а помалите со десертно ноже или чепкалка.

За фил: Ситно се сечка црвен кромид и се меша со меленото месо. Се додава црн пипер, ориз, доматно пире, јајце и масло. Сето добро се меша.

Се полни поединечно секој прстен, се набива смесата со прсти за да биде конзистентна и не се полни до горе до врв. Филот од оризот ќе набубри, па постои опасност долмите да испукаат.

Полнетите долми се редат во тенџере, се полеваат со топла вода дака да бидат прекриени и преку нив а има течност уште 2-3 см. Се додава малку оцет, се притиснуваат одозгора со чинија или друг капак помал од тенџерето, па се става да се вари околу 40 минути.

Во варената долма се додава уште алева слатка пиперка и брашно кое добро го промешувате со малку солена вода. Или ако сакате, можете да направите и класична запршка која ќе ја додадете во соган долмата.

Со ова јадење се сервира кисело млеко или милерам.

coolinarika.com