Овојпат доктор Марио Лабудовиќ се осврна на благодетите кои може да се добијат доколку се користи природниот лек добиен од сода бикарбона и лимонов сок.
„Како што и самите знаете, и лимонот како посебна намирница, но и сода бикарбоната, во себе поседуваат многубројни корисни благодети кои му помагаат на нашиот организам за сочувување на неговото здравје“, вели д-р Марио.
„Со нивна правилна консумација може многу да му се помогне на организмот, а ќе ви набројам само неколку состојби каде што исклучително делуваат: како прво, лимонот и сода бикарбоната во нашето тело му прават брза и ефикасна алкализација.
Кога говориме за алкализирачкиот ефект на телото, всушност мислиме на помагање при состојба на ацидоза, односно покачена рН кисела вредност во организмот. Ова може да се случи кога бубрезите, како еден од пуферите кои се задолжени за регулација на рН вредноста, не успеваат доволно добро да ги филтрираат ток-сините од нашиот организам.
Во овој случај, сода бикарбоната заедно со лимонот, служи како средство кое им помага на бубрезите подобро да функционираат и успешно да ги исфрлат сите состојки заедно со вишокот вода, и на тој начин помагаат за повторно враќање на рамнотежата.
Понатаму, оваа комбинација е исклучително добра и за дигестивниот систем. Помага во ели-минација на подуеноста на стомакот, како и при рефлукс, честа тегоба која се јавува при воспаление на желудочната слузокожа.
Понатаму, оваа комбинација меѓу другото се користи и за нешто што се нарекува „прочистување“ или де-токс на организмот. Помага да се прочисти црниот дроб, како и подобро нè снабдува со витамин Ц, фосфор и антиоксиданти, кои се неопходни за нормално функционирање на организмот.
Комбинацијата од лимонов сок и сода бикарбона може да помогне и во намалување на „лошиот“ холестерол (ЛДЛ), што е од исклучителна важност кај некои кардиоваскуларни заболувања. Кога говорам за сода бикарбоната, најчесто мислам на онаа чиста или како што уште се нарекува „медицинска“.
Исто така, сакам да напоменам за сите оние кои сакаат да ја користат комбинацијата од сода бикарбона и лимон за некои од претходно наведените состојби, најпрво да се конcyлтираат со својот матичен лекар“, советува д-р Марио и продолжува со објаснувањето за тоа како правилно се користи овој природен лек.
РЕЦЕПТ ЗА БЕЛЕЕЊЕ НА ЗАБИ: Помешајте половина кафена лажичка сода бикарбона со неколку капки вода. Промешајте и оваа оваа смеса нанесете ја забите, а потоа со четката протријте и исплакнете.
РЕЦЕПТ: Во чаша од 200 мл вода додајте сок од половина лимон и додајте мала лажичка сода бикарбона, или за почеток најдобро е половина мала лажичка. Ова правете го во висока чаша бидејќи кога ќе се помешаат содата и лимонот ќе се создаде пена.
Потоа додајте вода, промешајте, па кога пената ќе „спадне“, испијте го напитокот. На овој начин се пие 2-3 седмици, па се прави пауза од 1-2 седмици. Може повремено да се комбинира со јаболкова киселина. Пред отпочнување со примена на овој природен лек треба советување со лекар, бидејќи секој организам е различен“, советува докторот.