Кај нас дома често се приготвува, особено за слави, но и за секакви пригоди. Многу е едноставен, вкусен е, излегуваат доста парчиња.
Потребни состојки: 3 јајца, 2 шолји (за кафе) масло, 5 шолји брашно, 1 прашок за печиво, 3 шолји мелени ореви, 3 шолји млеко, 1 ванилин шеќер, 1 лажица какао во прав. За мерење се користи една мала шолја од 100 мл.
За прелив: 5 лажици вода, 4 лажици шеќер, 100 г путер, 100 г чоколадо, 4 шолји ореви (крупно мелени, сечкани). За мерење се користи една мала шолја од 100 мл.
Постапка: Рерната загрејте ја на 180/190 степени, плехот од рерната обложете го со хартија или едноставно намастете го и наросете го со презла.
Јајцата измиксајте ги со шеќер, па додадете масло и малку промешајте. Просејте го брашното со прашок за печиво и како во прав, па додадете во смесата.
Потоа додадете ги останатите намирници; мелените ореви, млекото и ванилин шеќерот.
Излејте ја смесата во приготвениот плех и оставете да се пече. Кога колачот е печер, уште додека е топол се полива со сварениот прелив и се остава постепено да излади.
Добро изладениот колач се сече на коцки или штангли, како сакате.
Прелив: Сварете ја водата со шеќерот, па додадете путер и чоколадо, па на многу тивок оган мешајте додека да се растопат и соединат состојките. Потоа додадете ги оревите и промешајте. Топло прелијте преку колачот.