Потребни состојки за кора (мерка на чаша од 200 мл):

2 чаши јогурт (обичен)
1 чаша кокосово брашно
1 чаша шеќер
1 чаша пченичен гриз
1 прашок за печиво

Прелив за кора:

300 мл вода
4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер

Фил:

1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
Шеќер по вкус
Шлаг или слатка павлака

ПОСТАПКА:

Прво сварете го преливот. Ставете вода и шеќер, па кога шеќерот ќе се стопи, оставете преливот да се стопи.

За кора: сите состојки измешајте ги со обична лажица, па соединете и ставете во плех (21х30) кој претходно сте го наместиле и побрашниле, печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.

Додека се пече кората, сварете го пудингот во млекото, ставете шеќер според упатството или според вкус.

Испечената кора веднаш по вадењето од рерна прелијте ја со изладениот прелив, почекајте неколку минути да се впие, па прелијте го топлиот пудинг врз кората.

Кога колачот ќе излади, изматете шлаг или слатка павлака па премачкајте одозгора и уживајте!

Овој колач се приготвува за околу половина час, многу е вкусен и практичен, бидејќи секогаш можете да ги менувате пудинзите по желба и секојпат да добиете нов колач.