СОЧЕН КОЛАЧ ПРЕЛИЕН СО СИРУП…Кога ќе ја пробате оваа раванија, ќе забоpавите и на баклава и на тулумби…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца,
250 г шеќер,
250 г цврст јогурт или кисела павлака,
100 г растопен путер,
50 мл масло,
1 кесичка прашок за печиво (10 г),
400 г брашно.
ЗА ШЕРБЕТ варете 15 мин:
700 г шеќер,
500 мл вода, пред крај додајте
2 супени лажици лимонов сок (а може и сок од портокал)
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот, додека смесата да згусне како крем. Потоа додајте павлака (јогурт), масло и путер, па на крај соединете со просеаното брашно и прашок за печиво
Многу вкусен ПАРЕН КОЛАЧ – Раванија со суво грозје, ореви, гриз и кокос
Една поголема тепсија или калап со дијаметар 28 см или 30 см добро намастете ја со масло на дното и ѕидовите, па излејте го во неа подготвеното тесто.
Израмнете и протресете ја тепсијата, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
Се прелива ладен колач со млак сируп, а потоа се сече. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.