СОЧЕН КОЛАЧ „3 ЛАЖИЦИ“’: Сирупот не се вари, сите состојки по три, многу брзо, лесно и едноставно…Секој треба да си го има овој практичен рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици масло
3 лажици млеко
3 лажици гриз
3 лажици брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
Се пече на 180 степени

За шербетот:
1 чаша шеќер
1,5 чаши млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад скршете 3 јајца, додајте 3 лажици шеќер и изматете. Потоа додајте 3 лажици млеко и 3 лажици масло и промешајте. Додајте 3 лажици брашно и 3 лажици гриз и повторно измешајте.

На крај додајтее 1 кесичка прашок за печиво и 1 кесилка ванила и промешајте со шпатула.

2.Откако со четка ќе го подмачкате квадратниот или кружниот плех со помали димензии, во него истурете ја смесата што ја подготвивте.

3.Откако ќе го потчукнете неколкупати од масата за да излезат меурчињата, ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени.

4.За сирупот, измешајте 1,5 чаша млеко и 1 чаша шеќер во сад додека шеќерот да се раствори.

5.Откако ќе се испече колачот, извадете го од рерна и оставете го да се излади 5 – 10 минути. Потоа полека прелијте го шербетот од млеко.

6.Оставете да одмори 3-4 часа за да го впие сирупот, па исечете го и украсете го пред да го послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.