Сочен јогуртен колач со гриз и кокос…Омилен на сите…Се топи во уста…Фотографија и рецепт на Маријана Кузмановиќ. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки (се мери со чаша од 200 мл):
4 јајца,
1 шолја шеќер,
1 шолја јогурт
1 шолја гриз,
1 шолја кокос,
½ шолја масло,
1 шолја брашно,
1 кесичка прашок за печиво,
1 ванилин кесичка шеќер и
малку рендана кора од портокал.
За сируп:
2 шолји шеќер,
2 шолји вода,
малку лимонов сок
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, калап 30х22 см):
4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 кесичка прашок за печиво
1 лесичка ванилин шеќер
Сирупот исто се подготвува како кај првиот рецепт, со по 2 чаши шеќер и вода и 1/2 лимон.
ПОСТАПКА за рецепт 1:
Во еден сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат како крем. Додајте рендана кора од портокал, масло и јогурт.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки, па додајте ги во смесата. Добиената смеса оставете ја да одмори 5-10, а може до 20 минути минути, за да набабри гризот.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Тепсија или плех со средна големина намастете со путер и излејте ја смесата. Во меѓувреме додека се пече колачот, сварете го сирупот. Колачот се пече 20-30 минути додека убаво да зарумени.
Оставете го колачот малку да излади, па исечете го на коцки или баклави, а во секое парче можете да втиснете излупен бадем или орев по желба, но не мора.
Прелијте го колачот рамномерно со млакиот или изладен сируп, оставете комплетно да се олади и да го впие сирупот, па послужете. Постапката за рецепт 2 можете да ја погледнете ОВДЕ: