“Постои еден многу корисен совет, како шпоретот секогаш да ви биде беспрекорно чист, и тоа со помош на алуминиумска фолија”.
При чистење на кујната, добар дел од времето и силата ни одзема чистењето на шпоретот. Теоретски, ова би требало да се прави веднаш по завршувањето на готвењето.
Се препорачува навремено чистење и бришење на површината од шпоретот за да не дојде до запечување на маснотиите. Но, во пракса, сите домаќинки не се исти, и често во недостиг на време, чистењето се одложува за подоцна, кога тоа е отежнато.
Меѓутоа, постои еден многу корисен совет, како шпоретот секогаш да ви биде беспрекорно чист, и тоа со помош на алуминиумска фолија.
Обичната алуминиумска фолија за домаќинство, може да помогне во одржувањето на чистотата во кујна, да заштеди време, нерви и пари за скапи средства за чистење.
Доколку сакате шпоретот да ви биде чист, при готвење а особено при пржење, направете го следното:
Земете поголемо парче алуминиумска фолија, измерете го, па обележете и исечете кругови на местата за струјни плочи.
Кога ќе завршите со готвењето/пржењето, извалканата фолија отстранете ја и заменете ја (по потреба со нова).
Резултат: чист шпорет и заштедено време. Едноставно, евтино и практично!