СО ОВОЈ РЕЦЕПТ СЕКОЈ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ТИРАМИСУ: Совршен десерт за само 10 минути…секој залак се топи во уста!Најлесен рецепт за тирамису. Италијанската кујна е позната низ целиот свет, а покрај солените специјалитети, Италијанците се познати и по слатките.
Еден од најпопуларните колачи од сите генерации е тирамису, кремаст десерт кој е совршена комбинација од кафе, маскарпоне сирење и пишкоти.
Во оригиналниот рецепт се прави со јајца и малку алкохол, но ако сакате брза варијанта што секој може да ја направи, тогаш ова е рецептот. Ќе уживате во секој залак, а вашите гости ќе бидат воодушевени. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г маскарпоне сирење, 250 мл слатка павлака, 60 г шеќер, 1 лажица екстракт од ванила, 1 лажичка инстант кафе, 150 мл топла вода, пишкоти по потреба
ПОСТАПКА: Сипете кафе и топла вода во сад и добро измешајте. Оставете настрана да се олади. Изматете ја слатката павлака со шеќерот, па додајте маскарпоне и ванила. Добро изматете со миксер додека да добиете фин и нежен крем.
Потопувајте ги пишкотите во кафето по неколку секунди од двете страни, па наредете го во калапот (одберете некој помал, тесен, а длабок). Распоредете половина од филот, па повторно наредете еден слој од пишкоти потопувани во кафе.
Сипете го преостанатиот фил и израмнете. Одозгора посипете какао во прав и ставете го во фрижидер половина или цел час (ако брзате не е потребно) да се олади и убаво да омекнат пишкотите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ТИРАМИСУ БЕЗ ЈАЈЦА И МАРГАРИН: Подгответе го најубавиот десерт на наједноставен начин“ – ОВДЕ.
ТИРАМИСУ БЕЗ ЈАЈЦА И МАРГАРИН: Подгответе го најубавиот десерт на наједноставен начин