Ова е омилениот колач на повеќето домаќинки, зашто се приготвува навистина многу брзо и лесно, додека вкусот е исклучително неодолив. „Со овој колач ќе заборавите на принцес крофните, се топи во уста,“ вели Валентина.
Се приготвува со смрзнати малини (или свежи, ако е сезона), но наместо нив можете да употребите било кое друго бобесто овошје. Кремот од ванила го прави совршен, а корите се толку многу тенки што не се ни чувствуваат на вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВАНИЛИНИОТ КРЕМ: 1 литар млеко, 3 пудинзи од ванила. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 250 г путер или маргарин, 200 г шеќер во прав, 3-4 лажици слатка павлака, 400-500 г малини (свежи или замрзнати), 4-5 лажици шеќер, 2 лажици згуснувач, 50 мл вода, 500 мл слатка павлака.
ЗА БИСКВИТ: 200 мл вода, 125 г путер или маргарин, прстофат сол, чаша од 200 мл брашно, 5 јајца.
ПОСТАПКА: Еден дел од млекото за пудингот сипете го во тенџере. Ринглата вклучете ја на средна температура додека млекото да зоврие. Остатокот од млекото сипете го во подлабок сад во кој претходно сте ставиле 3 кесички пудингот. Измешајте со жица или маталка додека да се разбијат грутчињата.
Кога млекото ќе се загре, во тенок млаз сипете ја смесата со пудинзите и намалете ја температурата на ринглата. Варете го пудингот со константно мешање додека кремот да се згусне. Кога ќе ја добиете посакуваната густина, тргнете го од рингла и покријте со стреч-фолија за да не се формира коричка.
Во друг сад сипете 200 мл ладна вода и ставере 125 г путер/маргарин и прстофат сол. Вклучете ја ринглата на тивок оган и оставете сѐ лесно да се растопи и зготви. Кога маргаринот/путерот ќе се растопи додајте 200 г брашно. Кога сѐ ќе се формира во тесто, оставете да се олади. Овој дел треба да има густа конзистентност.
Во оладеното тесто додајте 5 јајца и постепено изматете ги со миксер. Кога ќе добиете едноличен крем, излејте го тестото во поголем плех, обложен и намастен со хартија за печење. Кој сака може да ја подели смесата на два еднакви дела, за да не мора да ги сечете корите.
Печете во загреана рерна на 200 степени и печете приближно 10-15 минути. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: Малините процедете ги, па пренесете ги во тенџере да се зготват. Доколку користите свежи малини, прескокнете го овој процес. Во малините додајте 4-5 лажици шеќер и густин, помешан во малку вода.
Згответе во течен фил, па потоа додајте го густинот и варете додека да добиете едноличен крем. Во посебен сад изматете го пенасто маргаринот со шеќерот во прав. Соединете во оладениот пудинг од ванила во хомогена смеса. Во посебен сад измиксајте ја слатката павлака во цврст снег.
Додајте 2 лажици од слатката павлака во жолтиот крем и соединете со миксер. Остатокот зачувајте го за декорација. Кората пресечете ја на половина и ставете ја во поголем сад за филување. РЕДЕЊЕ: кора, жолт крем, крем со малини, снегот од слатка павлака, втора кора, шеќер во прав.
Ставете го колачот во фрижидер на 1 час малку да се стегне, па послужете го со шолја кафе. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.