-Колку и да го цедите лимонот, секогаш фрлате добар дел од сокот.
Со додавање на лимоновиот сок во јадењата можете многу да го подобрите вкусот на ручекот или вечерата, но секогаш е пожелно да се елиминира фрлањето на здравиот и вкусен сок.
Ако се најдете во ситуација да се мачите со цедење на сок од лимон, може да ви помогне овој едноставен и генијален трик. Спасот се крие во микробрановата печка.
Пред цедење, ставете го лимонот во загреана микробранова печка и на тој начин тој ќе омекне.
Така, без голема мака ќе го исцедите целиот сок од него и нема да фрлате пари, ниту оваа корисна намирница.
Готвачката Моназ Думасија препорачува лимонот да го ставите во микробранова печка на 20 секунди пред да го исечете и исцедите. Лимонот нема да биде толку цврст и ќе успеете да го исцедите сиот сок од него. Значи, заштедата на пари ви е загарантирана.