Свежи и сочни тиквички има преку целото лето, па може да се каже дека веќе се уморивме да ги приготвуваме на веќе докажаните начини – печени, пржени, полнети…
Затоа, денес одлучивме да ви ја откриеме оваа прекрасна зимница со тиквички, која по вкус ги надминува дури и омилените кисели краставички.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 4 ТЕГЛИ ОД 1 ЛИТАР: 1,5 кг тиквички, 4 чешниња лук, 1 лажица сол, 1 мала лажичка мелен црн пипер, 3 лажици шеќер, 120 мл сончогледово масло, 120 мл бел оцет 9%, 1 лута пиперка, 20 г свеж копар/мирудија, 20 г свеж магдонос.
Тиквичките измијте ги добро, па исечете ги на тркалца, па на половинки или по желба. Додајте ситно исечкан или испасиран лук. Потоа додајте шеќер, сол, масло, оцет и црн пипер и промешајте за да се изедначат.
Копарот и магдоносот претходно измиени и исцедени од вишокот вода, ситно исечкајте ги, а лутата пиперка исто така, исечкајте ја на тенки кругчиња. Додајте ги во тиквичките и уште еднаш промешајте за да се распоредат рамномерно.
Вака оставете ги да отстојат во маринадата три часа. По изминатото време наредете ги тиквичките во тегли и добро притиснете ги. Одозгора прелијте ги со сокот од маринадата (да бидат прекриени, 1-1,5 см под капакот).
Затворете ги но не целосно, колку да бидат поклопени, па ставете ги во тенџере на чие дно претходно сте ставиле крпа, налејте вода и откако ќе зоврие водата оставете да се варат 15 минути.
Извадете ги стерилизираните тегли и овојпат добро затворете ги капаците и превртете ги за да се вакумираат, покријте ги со ќебе и оставете ги до следниот ден да се оладат. Потоа преместете ги во подрум заедно со останатата зимница.
Вака подготвените тиквички имаат вкус на маринирани вкусни печурки. Прочитајте го и следниот рецепт:
КРЦКАВИ ТИКВИЧКИ ВО ТЕГЛА: Толку се вкусни што половината веднаш ги изедовме, а половината останаа за зима. Да ви кажам искрено, повеќе изедовме отколку што ставивме во тегли…па ова е толку многу вкусно, има одличен освежителен вкус.
Тиквичките се крцкави, фини, вкусни… Првпат ги приготвувам на овој начин, па ќе видиме како ќе се покажат оваа зима. Верувам дека овој рецепт ќе остане во омилените, мене многу ми се допаѓа – Лилјана Илиева.
Потребни состојки: 4 кг тиквички, 6 лажици крупна сол, 1 чаша од 200 мл масло, 250 мл јаболкова киселина, 200 г шеќер, магдонос и лук во количина по ваш вкус.
Постапка: тиквичките измијте ги убаво под млаз ладна вода, не ги лупете, само исечете ги на тркалца со дебелина од приближно 1 см, а потоа и на четвртини. Прелијте ги со ладна вода, целосно да бидат под вода.
Вака потопени во вода оставете ги да отстојат четири ласа. Додека тие киснат, вие измијте го и ситно исечкајте го магдоносот, па додајте го и убаво исчитениот и ситно исечканиот лук.
Потоа тиквичките исцедете ги во цедалка, оставете ги некое време убаво да искапе водата, па потоа префрлете ги во друг длабок сад. Прелијте ги со маринадата (така што сите состојки ќе ги соединете).
Додајте го исечканиот магдонос и лук, па промешајте. Оставете вака да отстои 20 минути. Потоа започнете да ги складирате тиквичките во стаклени тегли (претходно стерилизирани).
Пастеризирајте ги само доволно колку да се вакумира капакот. Додека ги полнев теглите, многу изедов. Мој совет е да не менувате ништо – сè е таман. Во оригиналниот рецепт пишуваше 7 лажици сол, за мене тоа е пресолено, па намалив на 6 лажици.