Сè што ви е потребно, се волја и дваесеттина минути. Одлични се појадок, вечера, закуска, за родендени, прослави или било какви свечености, бидејќи ако ги направите малечки, тие ќе бидат вашиот омилен вкусен залак.

Потребни состојки:

500 г брашно, 100 г маргарин, 100 мл масло, 1 јајце, малку сол, ½ квасец, 100 мл млеко и 1 лажичка шеќер. За фил: 200 г ситно сирење, 1 жолчка, 100 мл јогурт и сол по потреба. За премачкување: 1 белка и малку сусам

Постапка:

Во децилитар млака вода промешајте лажичка шеќер и квасец. Оставете 10-тина минути да се активира. Во друг сад пригответе ги сите останати состојки и додадете го активираниот квасец. Замесете го тестото и покријте го со крпа. Оставете го да стасува околу еден час на топло место.

Стасаното тесто премесете го и поделете го на два дела. Од секој дел развлечете тенки кори со оклагија. Сирењето, јогуртот и жолчката добро измешајте ги. Развлечените кори премачкајте ги секоја со половина од филот.

Потоа свиткајте ги во ролат. Одозгора премачкајте ги со изматена (со виљушка) белка и наросете со сусам, убаво да се нафати семето. Исечете ги на помали штрудлички или со големина по ваш избор.

Малите кифли наредете ги во намастен плех (или обложен со хартија) и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени, околу 25 минути. Печените штрудли извадете ги од рерна и прекријте ги со крпа неколку минути.

coolinarika.com