Никогаш не ја фрлајте течноста од маслинките. Иако е солена, помага при многу здравствени состојби. Дали знаевте дека сокот во кој отстојале маслинките го намалува холестеролот и ризикот од дијабетес, но исто така го подобрува и здравјето на срцето?
Познато е дека екстрактот од маслинов лист го рангира овa овошје меѓу најдрагоцените растенија во денешницата и со право ја носи титулата еден од најголемите природни антибиотици. Moжеби не сте знаеле, но маслинките се сметаат за овошје и се рангирани како овошје со семка.
Се сметаат за „братучеди“ со мангото, црешите и праските. Следниот пат пред да ја фрлите оваа течност, добро размислете пред да одлучите да не ги искористите сите нејзини придобивки.
Маслинките во тегла пливаат во сок или саламура, што е мешавина од вода, оцет и сол. Веројатно веднаш штом ја изедете последната маслинка, ќе ги истурите остатоците од саламурата во мијалникот, но можете да ја искористите на неколку начини.
Всушност, постојат многу здравствени придобивки. Маслиновиот „сок“ содржи мононезаситени масти кои можат да помогнат во бopбата пpотив воспалителни болести, намалување на холестеролот, подобрување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од дијабетес тип 2.
Покрај антиинфламаторните својства, содржи и витамин Е, што значи дека можете да ја користите за масажа на скалпот и со тоа да го поттикнете растот на косата. Бидејќи сокот е само мешавина од оцет, вода и сол, можете да го користите приближно на ист начин како што би користеле обичен оцет или масло за да зачините некое јадење.
Сокот од маслинки има солен, кисел и вкусен вкус, па затоа прави одлична маринада за месо. Можете да го користите за зачинување на свинско филе, маринирани шницли и правење преливи за салата.
Може да се користи наместо вода во сосови за пица и тестенини, но и како замена за чорби. Маслинките често се користат во медитеранската кујна, па затоа е добро место да побарате инспирација за примена на оваа течност – хумус, маслиново лепче и сосови базирани на јогурт.
Друга причина зошто дефинитивно треба да заштедите сок од маслиново масло е подготовка на мартини. Препорачуваме да го подготвите овој коктел со додавање 15 мл сок од маслинки. Вкусот е неверојатен.
Ако сакате да ја зачувате оваа течност откако ќе ги изедете маслинките, префрлете ја од теглата во херметички затворен сад и чувајте ја во фрижидер до една недела или во замрзнувач два месеци.
Според најновите истражувања, чајот од маслинови листови има повеќе антиоксиданси отколку зелениот чај кој е еден од најдобрите. Иако на самата помисла, маслинките обично ги визуализираме како вкусни и здрави плодови. Меѓутоа, исто така, лисјата од дрвото се исклучително корисни и лековити.
Имено, историјата на оваа билка допира далеку во минатото, а станува збор за стебло кое може да живее и до 3 000 години. Лисјата од маслинките ги користеле и старите Египќани, а во Библијата се споменува маслинката повеќе од 1.000 пати.
РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ: За една чаша чај од 200 – 300 мл, потребни ви се од 15 до 20 исушени листови од маслинка (можете малку да ги издробите). Зовријте ја водата, ставете ги листовите и варете уште 2 до 3 минути.
Оставете ги листовите да отстојат уште 10 минути, па процедете. Не ги оставајте листовите да стојат подолго. Овој чај може да се пие топол или ладен, засладен со малку мед, лимон или без ништо.
Пијте го секој ден за да почувствувате подобрување за различни заболувања. Чајот е препорачливо добар да се пие и превентивно. Има слаткаст вкус. Ливчињата за чај е најдобро да се берат во пролет кога се млади. Измијте ги и исушете ги на воздух, а чувајте ги затворени во стаклена тегла.
Ликер и чај од црни маслинки за висок кр-вен притисок. Често се вели дека во pајот постоеле две дрва: смоква и маслинка. Смоквата е „дрво на вистината,“ а маслинката е „дрво на животот“. Тоа е билка која симболизира светост, благосостојба, правичност, здравје, гордост, победа, успех, мудрост, интелигенција, чистота, ново раѓање и бројни други позитивни особености..
Потребни состојки за ликер од црни маслинки: 1 литар ракија, 600 г маслинки, 500 г шеќер, кора од портокал или лимон, 5 – 6 каранфилчиња. ПОСТАПКА: Сето заедно се меша во поголема тегла во 2 – 3 литри со голем отвор и треба да отстои 45 дена добро покриена на темно место. Често треба да се промешува, особено првите неколку дена да се растопи шеќерот.
Потоа се филтрира низ дупла газа, потоа добро се затвора и се остава да отстои околу 6 месеци. Најдобро е ликерот да се складира во шише од две или дури три литри, бидејќи ликер се добива нешто помалку од 2 литри. Овој ликер е најубав ако се прави со ракија од јаболко.
Потребни состојки за чај од маслинови лисја: 20 листови од маслинка, 500 мл вода. ПОСТАПКА: Листот од маслинки се употребува за лекување на кр-вен притисок. Овој чај се приготвува така што се земаат 20 листови од маслинка и се готват во 450 мл вода. Тоа готвење треба да трае толку, колку да остане само 200 мл вода.
Чајот се пие пред јадење, наутро и навечер по една чаша. Треба секогаш да се готви свеж чај. Овој чај е одличен за намалување на кр-вниот притисок, а не се препорачува за бремени жени.