Старите родители се почуствителни од деца и затоа со нив мораме внимателно да комуницираме.
Ова се 10 работи со кои, според психолозите, ги повредуваме нашите родители, а за тоа не сме свесни:
1.Ги занемаруваме
Сме основале семејство, имаме деца, работа, еден куп обврски. Животот тече, а некогаш поминуваат 2-3 седмици како не сме се сетиле на родителите да им се јавиме и да ги прашаме како се.
Понекогаш поминува и цела година а не сме нашле време да ги посетиме, особено ако живееме во различни градови или држави. Водете сметка, ако денес не им се јавите или посетите, утре може да биде доцна.
2.Им кажуваме работи кои ги навредуваат
Еве неколку фрази со кои несвесно ги навредуваме своите родители: „Еј, ама си досаден/на”, „Ај престани да се жалиш, не знаеш друго да кажеш?”, „Не можам сега да зборам имам многу работа, престани да ми се јавуваш”, и слично.
3.Не ги прашуваме за нивното здравје
Постојат такви родители кои постојано се жалат дека ги боли ова или она. Додека од друга страна, постојат и такви родители кои ги трпат болките и никогаш не се жалат.
Сепак, прашајте ги за здравјето, бидејќи можеби ќе им олесните, ако не со вистинкиот совет или одговарачка нега, тогаш само со тоа што ќе ги сослушате.
4.Не им помагате финансиски доколку сте во можност
Повеќето пензионери во Македонија живеат на ивица на сиромаштво. Доколку немате доволно пари да ги помагате финансиски, тогаш можете да им однесете храна, да им купите дрва, облека или слично.
Ниеден родител тоа нема да го побара од своето чедо, но ако видите дека живеат сиромашно и едвај пензијата им стига за лекови, помогнете им колку што можете.
5.Заборавате да ги посетите на важни датуми, празници, семејни собирања
Тие немаат никој поблизок од вас и веројатно чекаат да им дојдете за да го поминат со вас свечениот ден. Затоа откажете ги патувањата, закажаните состаноци и земете слободен ден, па посетете ги мама и тато.
6.Не ги почитувате и никогаш не сте им се заблагодариле
Се смета за грев ако се преценуваме себеси, а ги потценуваме другите. Најмногу и должиме на мајката која ни го подарила животот, но и на таткото кој многу жртвувал од себеси за да бидеме она што сме денес.
7.Криеме важни и убави информации за својот приватен живот од родителите
Родителите некогаш претеруваат со својата љубопитност. Некои тоа го прават од грижа, а некои едноставно се такви по карактер и сè сакаат да знаат. Па наместо да им речете:
„Мамо, тоа не е твоја работа!“, вие ублажете ја малку реченицата и употребете поблаги зборови. Не мора да навлегувате во детали и ситници, само кажете им некои основни работи од својот живот.
8.Нетрпеливи сме кон нив
Тие заслужуваат повеќе трпение од нас. Запамтете: тие нас не учеле како да одиме, како да јадеме, да возиме велосипед, да пливаме… Колку само тие биле трпеливи кон нас…
9.Не чувате сеќавања на нив
Фотографирајте ги колку што можете. Кога се смеат, кога се тажни, кога размислуваат, кога ги гушкаат своите внуци… Утре ќе останат само тие фотографии.
10.Ги третирате како мали деца
Тие не се мали деца и имаат поголемо животно искуство од сите нас. Почитувајте ги.