Рецепт и видео прилог на “Шерпица Рецепти” – Компир салата.

Ќе ви откријам една тајна за замена на мајонезот во салатите. Рецептот за вкусната компир салата не содржи ниту мајонез, ниту павлака, а сепак таа е кремаста и сочна. На овој начин ја приготвувам веќе со години.

Потребни состојки:

500 г пилешки гради (или приближно 1 парче)
1 кг компир
200 г моркови

За замена за мајонез:

2 варени јајца
100 мл масло
1 лажичка сенф, може и повеќе
1 лажичка лимонов сок (или оцет)
малку сол

И уште:

3 средни кисели краставички
1 главица кромид
2 лажици оцет
1 лажичка сол ли по вкус
малку црн пипер
1 лажичка толчена лута пиперка (може и слатка)

Постапка:

Во едно тенџере ставете да се варат компирите, морковите и пилешкото месо. На страна сварете две јајца. Варените јајца изладете ги, па со рачен плендер измиксајте ги со лажичка сенф. Во кремастата смеса постепено додавајте 100 мл масло. Посолете и зачинете со лимонов сок или јаболкова киселина. На овој начин за 5 минути ќе добиете многу вкусен мајонез (200 г).

Морковите и компирите исечете ги на тенки ленти. Ножот малку намастете го и многу полесно ќе го сечете компирот без да ви лепи. Месото ситно исечкајте го, а кромидот и киселите краставички исечете ги на лентички или ситни коцкички. Зачинете со толчена сува пиперка, црн пипер и сол по вкус.

Сите состојки измешајте ги во поголем сад и додадете две лажици оцет. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Салатата е многу вкусна, но доколку салате да биде уште покремаста, додадете уште некоја лажица кисела павлака или мајонез по вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: