Здравиот изглед на стапалата е всушност многу важен показател за здравјето на телото веројатно повеќе отколку што мислите, а има голем број причини за тоа. Пyкнатините, сувоста и другите проблеми со стапалата лесно можат да го нару-шат квалитетот на вашиот живот и да спречат правилно движење на телото.




Начинот на живот и исхраната можат да влијаат на здравјето на стапалата, а тоа треба да се примени на најдобар можен начин во нашите навики. Стапалата се многу важни за одржување на рамнотежа на целото тело, а во исто време тестот за рамнотежа е многу забавен и може да го направите во домашни услови.




Испружете ги рацете настрана, затворете ги очите и застанете на едната нога. Ако имате помалку од 30 години, треба да можете да одржувате рамнотежа најмалку 15 секунди.

За над 30 години треба да одржувате рамнотежа околу 12 секунди, 40-50 години – 10 секунди, а за оние над 50 години очекуваното време на балансирање е 7 секунди. Се разбира, одржувањето на рамнотежа може да се подобри со вежбање. Тестот прво се прави со едната нога, а после со другата.




Доколку можете да одржувате рамнотежа на стапалата, тоа значи дека вашите стапала се здрави (во поголем број од случаите). На пример, доколку имате некога габична инфекција која ви предизвикува б олка, нема да можете да останете долго на таа нога.




Скапите третмански педикири и употребата на софистицирани производи за третман на стапала не се секогаш најефикасниот облик на нега, а притоа не може секој да си ги дозволи.




Затоа денес ви пренесуваме едноставен совет кој ќе ви помогне да ги одржите вашите стапала убави и здрави. Брзо ќе ве ослободи од сувата кожа, лупењето и б олките во стапалата.




Состојките можете да ги најдете во вашата кујна, а подготовката е всушност многу едноставна. Потребни состојки: 3-4 чаши млеко, 3 лажици сода бикарбона. Постапка: Прво загрејте го млекото, нешто пред точка на вриење. Потоа прелијте го во леген или сад и додајте ја сода бикарбоната во него.




Како се применува третманот: Добро промешајте ја содржината и кога млекото малце ќе се олади, ставете ги стапалата во легенот и истријте ги нозете со содата. Оставете ги нозете да отстојат 10-тина минути во легенот. Потоа измијте ги нозете со топла вода и нежно пребришете ги со пешкир.




Нанесете хидратантен крем за стапала со масирање и yживајте во одличните резултати. Овој домашен третман може да го правите барем еднаш седмично за да го одржите здравиот изглед на стапалата.




Исто така, при овој третман со домашен камен за отстранување на сувата кожа, истријте ги петите, па отпосле нанесете го хидратантниот крем. За отстранување на габичните инфекции, многу се корисни следните два рецепти:




Јаболкова киселина: Многу е корисно и ефикасно домашно средство во бор-бата против габичките на ноктите. Потопете ги нозете во леген со 1 литар топла вода и половина шолја јаболкова киселина. Исто така, јаболковата киселина со помош на натопен памук можете да ја нанесувате на инфицираниот нокт трипати дневно, додека да се излекува.

Масло од чајно дрво: Најефикасниот природен лек за елиминација на габичките е етеричносто масло од чајно дрво. Се нанесува директно врз ноктот, 2-3 пати дневно, додека да ги добиете саканите резултати. Пред да го употребите ова масло, осигурајте се дека не сте алергични на масло од чајно дрво.