Со 400 г пилешко месо правам полн плех вкусно јадење…Прсти да излижеш! Ако се мислите што вкусно да приготвите за ручек, еве една одлична идеја! Потребно ви е пилешко месо и неколку компири за да направите јадење слично на мусаката. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 2 лажички маслиново масло, 1 главица кромид, 400 г пилешко филе, 1 голема црвена пиперка. 1 голема зелена пиперка, 1 лажичка сол, мелен црн пипер по вкус, малку оригано, 1 голема лажица доматна паста/сос, вода по потреба.
За прелив: 40 г путер, 1 лажица брашно, 500 мл млеко, 1 лажичка сол, малку црн пипер во прав. И уште: 6-7 компири, 100 г рендан чедар/моцарела/кашкавал за одозгора, малку црвен пипер во прав. Се пече 20 минути на 200 степени.
ПОСТАПКА: на малку масло испржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне и застакли, па додајте го пилешкото месо исечкано на коцки. Пропржете го кратко додека да ја промени бојата, па додајте сечкани пиперки.
Зачинете по вкус, пржете кратко, па додајте ја доматната паста и малку водичка (половина чаша). Динстајте неколку минути колку сето да омекне и да се добие густ сос, па тргнете настрана.
Компирите исечете ги на тркалца со дебелина од неколку милиметри. Можете да ги испржите во масло или да ги наредите во плех со намастена хартија, да ги премачкате со малку масло и да ги испечете додека да почнат да заруменуваат.
Ако ги пржите во тава со масло, кога ќе заруменат вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка и тргнете настрана додека го приготвувате преливот.
За прелив: во тенџере растопете го путерот, додајте брашно и пржете го 1-2 минута. Додајте го постепено млекото и мешајте непрекинато додека да згусне како бешамел сос со конзистенција на густ јогурт. Зачинете со сол и црн пипер.
Во огноотпорен сад со средна големина на дното наредете компири да се покрие целата површина, а врз нив рамномерно распоредете го динстаното месо. Повторно наредете компири, а врз нив распоредете го бешамел сосот.
Најодозгора распоредете рендан кашкавал и посипете малку црвен пипер во прав, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 20-тина минути или додека убаво да зарумени. Оставете малку да подизлади, па послужете.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Мусаката ја правам вака веќе 20 години: Рецептот е врвен, брзо, практично и многу вкусно јадење“ – ОВДЕ.
Мусаката ја правам вака веќе 20 години: Рецептот е врвен, брзо, практично и многу вкусно јадење