Сникерс-чискејкот е десерт кој ги спојува двата најомилени колачи, а постапката не е премногу комплицирана, иако на изглед делува така. Ќе уживате во секој залак. Овој десерт ќе освои веднаш штом го пробате.
Карамелниот слој со крцкавите кикирики и најубавиот чоколаден крем се совршени. Тортата е идеална за сите видови прослави, а сигурно сите ќе бараат парче плус. Сникерс чискејкот без печење сигурно ќе го ставите на списокот од најомилените десерти. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кора: 200 г чоколадни бисквити, 70 г растопен путер, 30 мл млеко. ЗА ФИЛ: 300 г чоколадо, 600 г крем сирење, 50 мл кондензирано млеко, 100 мл слатка павлака. ЗА КАРАМЕЛ ФИЛ: 220 г шеќер, 40 мл вода, 100 г путер, 100 мл слатка павлака, 120 г кикирики. За глазура: 130 г млечно чоколадо, 130 мл слатка павлака, 70 г сечкани кикирики
ПОСТАПКА: Бисквитите сомелете ги, а доколку имате рачен блендер можете да ги искршите со раце, а потоа да ги сомелете со негова помош. Додајте го растопениот путер, промешајте, а потоа додајте го и млекото.
Изедначете ја смесата која треба да добие конзистенција на влажен песок, па сипете ја во помал калап со флексибилен обрач. Распоредете рамномерно и втиснете ја со дното на некоја чаша за да се израмни кората за основа на колачот.
За карамел: во тенџере сипете го шеќерот и додајте вода, па варете со повремено промешување додека да се карамелизира. Гответе на умерена температура. Потоа додајте го путерот, промешајте да се растопи, а потоа и павлаката. Соединете во убава карамелна смеса.
Најпосле додајте ги кикириките кои е најдобро претходно да бидат истостирани (испечете ги во сува тава со промешување додека малку да пожолтат и убаво да замирисаат, но не смеат да подгорат). Карамелниот фил со кикирки претурете го во друг сад и оставете го да се лади.
За фил: во тенџере сипете чоколади скршено на коцки и на многу тивок оган или на пареа (микробранова печка) растопете го. Во подлабок сад измешајте крем сирење, слатка павлака и кондензирано млеко, па сето изматете го со миксер додека да се изедначи во пенлив крем.
На крај додајте го растопеното чоколадо и уште еднаш изматете. Филот ставете го во кујнски шприц за декорација, па обрабете ја основата во калапот, па внатре истурете го сиот карамелен фил со кикирики. Израмнете, па врз него рамномерно распоредете го чоколадниот фил.
Чискејкот оставете го во фрижидер 3-4 часа за да се стегне. потоа внимателно отстранете го обрачот и целата торта прелијте ја со глазурата. За глазура: чоколадото растопете го со павлаката на умерена температура, но внимавајте да не ви загори.
Потоа додајте ги кикирките и промешајте. Со оваа глазура внимателно обложете ја тортата од сите страни. Оставете ја тортата повторно во фрижидер за да се стегне глазурата, па послужете. Видеопрезентацијата можете да ја погледнете ОВДЕ.