Божиќните колачи, бисквити и други слатки се задолжителни на празничната трпеза, а овој Божиќ можете да го збогатите со овие прекрасни снежни топчиња кои не се печат, а веднаш ќе ве освојат со вкусот на бадем. Лесно се приготвуваат а можат да ви помогнат и вашите деца.
Снежните топчиња се посебни и затоа што се вегански, односно во рецептот не се користат намирници од животинско потекло.
Состојки за 18 снежни топчиња:
– 190 до 200 г бланширани бадеми
– 800 мл топла вода
– 1 лажица амарето екстракт
– 1 лажица стопено кокосово масло
– 2 лажици агаве
– ¼ лажичка сол
– 10о г бадемово брашно
– 260 г шеќер во прав
Постапка:
1. Бланшираните бадеми ставете ги во сад и прелијте ги со топла вода. Оставете ги да киснат околу два часа за да омекнат
2. Процедете ги бадемите па ставете ги во миксер заедно со екстракт од амарето, кокосово масло, агаве и сол.
3. Миксајте на силна брзина околу 2 минути, односно додека мешавината да стане густа паста.
4. Префрлете во сад, додадете бадемово брашно и добро измешајте. Со помош на лажица обликувајте топчиња, а потоа обилно валкајте ги во шеќер во прав. Наместо шеќер можете да користите и кокос.
5. Топчињата наредете ги на хартија за печење па оставете ги да одморат 30 минути за да зацврстат.
6. Снежните топчиња послужете ги веднаш или складирајте ги во сад и чувајте ги во фрижидер.