Фото и рецепт на Аница Обрадовиќ Живковиќ – домашно крем сирење
Поздрав на сите, еве да споделам со вас еден многу убав и лесен рецепт за приготвување на домашно крем сирење.
Ова крем сирење може да се користи за чизкејк, за разни кремови кои се користат во торти и колачи, намази, филови и слично (ако го посолите може и така да го јадете или да го мачкате на лепче).
Рецептот е по препорака од една група од госпоѓата Мирјана Јуриќ, го испробав и супер излезе!
За да го приготвите крем сирењето потребен ви е јогурт. Во зависност од количината која ќе ја користите, толку литри купете, но најдобро е за почеток да пробате со 3 литри или 1,5 литар.
Значи земете 1,5 литар јогурт, погуст со 2,8 % млечна масленост. Наполнете го во чисто пластично шише од 1,5 литар (од газирана вода на пример).
Или купете повеќе шишиња со јогурт кои се пакувани во пластика или хартиена амбалажа, и имајте во предвид дека подоцна ќе треба да ги сечете. Или пак едноставно замрзнете го во сад кој вам најмногу ви одговара.
Ова е најдобро да го навите наутро или на пладне, за да има време јогуртот да се замрзне до вечер.
Значи, шишето со јогурт ставете го во замрзнувач. Јогуртот мора да се замрзне за да може од него да се одвои сурутката и да остане крем сирењето. Подгответе сад со цедило обложено со газа.
Навечер извадете го смрзнатиот јогурт и исечете ги шишињата (или какво и да е пакувањето), па ставете ги во цедалката врз газата.
Оставете преку цела ноќ да се цеди полека јогуртот, а следниот ден само стиснете ја газата (или тетра пелена) да го доисцедите и ќе го добиете најубавото крем сирење.
КРЕМ СИРЕЊЕ СО МЛЕКО
2 литри млеко се вари, па кога ќе подизлади додајте му 2 кесички лимонтус. Оставете го два часа да отстои, а потоа процедете го низ газа и цедалка.
Потоа во добиената маса додајте една чаша кисела павлака и изматете со миксер, Додајте 2 лажици масло и посолете по вкус.
Фото и рецепт на Аница Обрадовиќ Живковиќ