Сусам (Sesamum Indicum) е суптропско маслодајно растение. Ова едногодишно растение има мешункаст плод кој се бере зрел, а потоа се суши. Семето на сусамот содржи 45-50% масло кое се користи во производство на путер, маргарин или при подготовка на пекарски производи.
Сусамот е стара билка која се користела уште во древната Месопотамија. Најмногу се одгледувала поради изобилството на лековити својства на добиеното масло. Во најстарите записи се споменува сусамовото масло и тоа уште 3500 години п.н.е.
Сусамовото масло се користи и денес како превенција од остеопороза, а служи и за заштита на коските, ги зајакнува и превенира од кршливост. Исто така се користи за подобро помнење, анемија, потентност и намалување на холестеролот и триглицеридите.
Сусамот може да се јаде сиров или во форма на масло, а во неговиот состав има висока количина на калциум. Со својата голема нутритивна вредност, може да се рамни исто како и белиот лук, кој е силен природен антибиотик.
Семките на сусамот се многу присутни во разните печива. Се ставаат на кифли, леб и други печива. Но, ова не е единствениот начин за нивно користење. Сусамот најчесто се користи за подготовка на Тахини пастата од која се подготвува хумус или се додава во салати.
Сусамот содржи 572 калории на 100 грама. За време на диета, сусамот треба да го користите во мали количини бидејќи содржи многу калории. Користите 1-2 кафени лажици на ден како додаток во исхраната.
Иако овие семки се калорични, ефикасно ја намалуваат потребата за благо и шеќер, но и за сла-беење. Ако сте анемични и имате долготраен проблем со малокр-вност, вклучете ги овие здрави семки во исхраната.
Со 50 г сусам на ден, ќе ја задоволите потребата за железо за 100% од потребниот дневен внес. Сусамот содржи голема количина на влакна и незаситени масти (омега – 3 и омега – 6 здрави масти) и линолеинска киселина.
Сусамот изобилува со многу минерали како калциум, железо, магнезиум, фосфор, натриум, калиум, бакар, цинк, манган и селен. Затоа е потребно да ги јадат оние кои не кон-сумираат месо.
Исто така, сусамот изобилува со витамин Е кој го подобрува помнењето, витамин Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и витамин Д. Ја ублажува б олката при реума, артритис, б олки во зглобовите, го намалува притисокот, холестеролот и триглицеридите.
Влијае позитивно на кр-вните садови, спречува згрутчување на кр-вта и појава на тромб, ги ублажува симптомите на астма, бронхитис, мигрена и силни главоболки. Одличен лек е за остеопороза, симптомите на ПМС, ги прочистува артериите и спречува појава на артериосклероза.
Делува позитивно и на желудникот и цревата. Регулира правилна работа на цревата, лекува дијареа и други цревни заболувања. Одличен е за превенција на рак на дебелото црево, а се користи и за природно лечење на анемија, алопеција, природен афродизијак и го прочистува црниот дроб.
Доколку па-тите од хроничен гастритис или други проблеми со желудникот, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба на сусамовите семки. Сусамот изобилува со калциум кој е неопходен минерал за одржување на цврстината на коските.
Семето од сусам содржи висока концентрација на фитостероли, состојка која според хемиската структура е најслична на холестеролот. Фитостеролите имаат моќ, доколку доволно се присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на холестерол во кр-вта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од појава на поедини облици карцином.
Инаку, семето е еден од најкорисните додатоци во исхраната, а маслото од сусам се смета за исклучително квалитетно, па многумина го користат како замена за маслиновото. Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромбови, односно кр-вни згутчувања, но и против долготрајна опстипација и нередовна столица.
Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди проследени со б олки и кр-вавење. Во народната медицина го користат и за санирање на по-вреди, акни, чирови, брадавици, изго-реници..
Освен железо, во големи количини е присутен и калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамини посебно место зазема витаминот Е, кој е моќен антиоксидант, кој ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести. Истовремено, претставува и одличен извор на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.
Сезамин е уште една состојка која е многу важна и која го штити црниот дроб од оксидативни оштетувања. Заедно со сезамолинот и лигнанот влијаат врз намалување на холестеролот и кр-вниот притисок. Протеините и масните омега 6 киселини се исто така, многу важни состојки за одржување на здравјето.
Истражувањата покажале дека сусамот е делотворен и против воспаленија и б олки кај ревматоиден артритис, како и астматични напади. Иако тежок за чувствителни стомаци, сусамот сепак треба повремено да се кон-сумира, бидејќи претставува совршен чистач на органите за варење. Секако, претходно треба термички да се обработи, односно малку да се потпече или пропржи на тивок оган.
Сусамовите семки содржат седумпати повеќе калциум од млекото. Затоа, доколку сакате вашите коски да не се оште-тат предвреме и да станат кршливи, внесувајте семки од сусам што е можно повеќе во исхраната.
Пропржете 3 – 4 супени лажички сусам секој ден. Вака подготвените семки додајте ги во секојдневната исхрана. Може да ги јадете и сурови без претходно пропржување за лекување на остеопороза.
Ако ви е дијагностицирана остеопороза, најдобро е да кон-сумирате сусам и мед во комбинација. Жените кои се пред менопауза, треба секојдневно да јадат барем 1 – 2 лажици сусам секојдневно.
Сусам и мед за остеопороза – рецепт
Потребни состојки: 2 – 3 лажицки сусам, 2 лажица мед.
Постапка: Пропржете го сусамот во тавче на ниска температура околу 3 минути. Кога ќе забележите дека семето започнува да потемнува, тоа е знак дека е готово. Вака подготвеното сусамово семе откако ќе се олади сомелете го во блендер, но ако не ви пречи, не мора.
Ставете ги семето во шолја и додајте 2 лажички мед со дрвена лажица. Измешајте ги состојките додека да добиете густа паста. Најдобро е оваа смеса да ја кон-сумирате наутро, на празен стомак.
Доколку секојдневно го кон-сумирате овој природен лек, за кратко време ќе забележите одлични резултати. Овој лек има тристрано дејство. Спречува остеопороза, лечи анемија и ја зголемува по-тентноста.
Од сусамовите семки може да направите и енергетски бом-бици. Со добиената смеса од сусам и мед, направете мали топчиња и складирајте ги во фрижидер. Наутро изедете по едно топче на празен стомак. Многу се вкусни, но и многу калорични, па затоа воздржете се на само едно.
Сусам и јогурт за намалување на холестеролот и триглицеридите – рецепт
Потребни состојки: 200 мл јогурт, 1 полна супена лажица сусам.
Постапка: Во јогуртот додајте ги семките. Промешајте ја смесата и ставете ја во фрижидер да отстои преку цела вечер. Наутро изедете ја кашата на празен стомак како појадок.
Исто така, сусамот може да го користите и со кисела павлака и мед во комбинација. Оваа енергетска смеса ќе ви даде многу енергија и ќе ја намали потребата за благо. Се кон-сумира во попладневните часови за одложување на потребата за вечера и сла-беење.
СУСАМ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ХЕМОРОИДИ
Се меле една лажица сусам и се меша со две лажици вода. Во добиената паста се додава лажичка путер. Убаво се мати, а потоа се мачка на парче тост и се јаде.
ПРОТИВ ИЗ ГОРЕНИЦИ
Две лажици семе од сусам потопени во чаша вода се става на оган да врие неколку минути. Потоа се процедува и се остава да излади. Се става облога врз изго-рениците или со натопен памук се поминува б олното место неколку пати дневно.
СУСАМ КАКО АФ РОДИЗИЈАК
Во земјите каде се одгледува сусамот има репутација на силен аф-родизијак. Врз база на ова семе се приготвуваат напитоци за зголемување на потен-цијата. За да се добие напиток, треба да се измеша семе од сусам и мака во прав, во исти количини, па во оваа мешавина да се додаде и малку семе од коприва, кромид и морков, како и лажица шеќер.
Сите состојки се мелат и се соединуваат, па една лажичка од смесата се раствора во чаша вино и полека се пие. Сусамот смеат да го кон-сумираат и трудници. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска