Дуњата е листопадно дрво кое дава необично тврди, но силно ароматични, светло златно-жолти плодови кои според изгледот потсетуваат на круша. Зрелите плодови од дуња се тврди, но во внатрешноста се сочни и адстрингентни.
Тие ретко се јадат сирови токму поради силното адстрингентно својство (потешко се голтаат) , но се преработуваат во компоти, мармалади, џемови, слатка, паста (познато како сирење од дуња) или алкoxолни пијалаци.
Сите производи од дуња се многу барани, не само поради исклучителниот вкус, мирис и арома, туку и поради лековитоста. Овојпат ќе ви откриеме еден лесен рецепт за подготовка на слатко од диња, а целата постапка најмногу време ќе ви одземе нивното рендање.
Сè друго оди многу брзо и лесно. Еднаш штом го пробате ова слатко, толку многу ќе ви се допадне што ќе го приготвувате секоја година одново, во уште поголема количина. Кај нас дома штом се отвори тегла со слатко од дуња, во истиот ден сета се празни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг рендани дуњи, 2 кг шеќер, 400 мл вода, 1 лимон. Постапка: Најпрво излупете ги дуњите, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додека ги рендате дуњите, може да ја променат својата боја.
Затоа може постепено да додавате малку лимонов сок врз ренданите дуњи (ова важи за секое овошје кои во допир со воздухот оксидира и потемнува). Во поголемо тенџере ставете го шеќерот со водата, промешајте и оставете да се растопи шеќерот на умерена температура.
Кога шеќерот ќе се растопи и и ќе се формира густиот сируп, внимателно истурете ги дуњите во него. Протресете го малку тенџерето, но не ги мешајте дуњите. Оставете слаткото да се вари уште 15 – 20 минути.
Предност на ова слатко е тоа што не се создава пена, и не е потребно да ја отстранувате. Пред самиот крај додајте 4 парчиња сечкан лимон на кругови и оставете да го испушти сокот уште 2 минути. Потоа тенџерето тргнете го од рингла и додајте ги претходно ситно сечканите ореви.
Потоа со дрвена лажица промешајте го слаткото додека да се распоредат оревите. Пред да го складирате слаткото во стерилизирани тегли, почекајте 15 – 20 минути да се излади. Може да го покриете со влажна крпа одозгора.
Затворете ги теглите со чисти стерилизирани капаци, а слаткото чувајте го на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.