Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Уште една тура слатко од кајсии од 3 кг.

Потребни состојки:

3 кг кајсии
2 кесички сода бикарбона
2,700 г шеќер (3 кеси по 900 г)
1,200 мл вода

Постапка:

Кајсиите се мијат убаво, се лупат со тенко ноже и се сечат на половинки за да им се извади семката.

Исчистените кајсии се пуштаат во вода во која претходно сме раствориле две пакетчиња сода бикарбона. Во овој раствор се оставаат да отстојат два часа.

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Во поголемо тенџере се ставаат 3 кеси шеќер од по 900 грама со 1200 мл вода. Се остава да зоврие и да се направи шербет со густина на мед.

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Кајсиите се мијат од содата, се цедат во цедалка, па се ставаат во шербетот. Откако ќе почне да пени постојано се собира пената и се вади. Се вари околу 25 минути, но тоа зависи од кајсијата.

Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Слаткото не се меша при варењето, туку само се протресува тенџерето. по желба кој сака може да додаде неколку тркалца лимон, при крајот од готвењето.

Тенџерето завиткајте го со мокра (исцедена) крпа и оставете го слаткото да се олади. Следниот ден складирајте го во чисти тегли. / Слатко од кајсии (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)