СЛАТКАРСКИ КРЕМ…Филот е идеален за сите видови колачи и торти…Еве што ви е потребно за да го приготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кесичка пудинг од ванила 40 г
30 г скроб/нишесте/густин
130 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
3 жолчки
500 мл млеко
200 г слатка павлака за шлаг

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги пудингот, густинот, шеќерот, ванилата, жолчките и 200 мл млеко. Соединете со жица за да нема грутчиња.

2.Остатокот од млекото (300 мл) оставете да зоврие, па тргнете го настрана тенџерето и додајте ја смесата со жолчки.

3.Варете со непрекинато мешање додека да згусне. Кремот претурете го во посебен сад, покријте го со фолија и оставете да се олади.

4.Слатката павлака изматете ја со миксер за да добиете шлаг. Малку по малку додајте го шлагот во оладениот крем и миксајте додека да добиете нежен крем. Постапката погледнете ја ОВДЕ.