Многумина имаат проблеми со варењето на храната, како и проблем со тврда столица. Чувството може да биде навистина непријатно, болно и напнато.
Можеби ви звучи невозможно дека дебелото црево може да содржи неколку килограми заглавен отпад, но треба да знаете дека тоа е голем орган што го собира целиот отпад од телото. Се препорачува сите да правиме чистење на дебелото црево еднаш годишно за да го елиминираме насобраниот отпад и токсините и да ја подобриме неговата функција.
Акумулацијата на токсини го уништува организмот и доведува до хронични заболувања. Во денешно време, ние сме постојано изложени на опасни хемикалии и загадувачи, па затоа сме уште повеќе склони кон ваквите здравствени проблеми.
Најчестите симптоми на токсичност на дебелото црево вклучуваат: намален имунолошки систем, неправилно варење на храната, гасови, надуеност, дијареја, запек, болки во стомакот, промени во расположението, замор, депресија, губење на меморијата и замаглување на видот, болки во мускулите и зглобовите, проблеми со мочниот меур, ва-ги-нални инфекции и осип на кожата.
Доколку ги имате споменатите симптоми и сметате дека на вашето тело му треба чистење на дебелото црево, подгответе го следниот рецепт затоа што е исклучително ефикасен и корисен:
Јаворов сируп за чистење на дебелото црево. Потребни состојки: – 2 лажици јаворов сируп, свежо исцеден сок од лимон, половина кафена лажичка мелен црн пипер и 350 мл вода, најдобро да биде минерална или изворка (да не е многу тврда водата).
Постапка: Измешајте ги состојките и пијте ја смесата 2-4 пати на ден, две недели по ред.
Избегнувајте преработена храна, ал-кохол, кофеин и вештачки додаден шеќер и јадете сирова храна, особено овошје и зеленчук.
Важно е да обратите внимание на она што го јадете. Потребно е да јадете овошје, зеленчук, житарици и да пиете јогурт или кефир, кои се природни пробиотици, а знаеме дека пробиотиците го стимулираат растот на добрите бактерии во организмот. Исто така, важно е да пиете многу вода за да бидете хидрирани.
Овој природен лек може да помогне во правилно варење на храната и при проблеми со запек. Потребни состојки: 5 чаши вода,100 г сливи, 100 г урми
Подготовката е многу едноставна: Ставете сливи и урми во тенџере и оставете да зоврие водата. Потоа гответе уште 15 минути на тивок оган, поклопено, а кога е готово, оставете да се излади. Складирајте ја смесата во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Консумирајте по една мала лажица наутро на празен стомак, пред појадокот.
Овој природен лек ќе ви помогне да го исчистите организмот од токсини, но и да го решите проблемот со запекот. Со сигурност ќе се чувствувате многу подобро. Покрај тоа, овој природен лек ќе го зајакне вашиот имунитет.
Исто така и смоквата е докажан природен лаксатив кој помага во исфрлање на насобраните токсини. Татковина на смоквите е Мала Азија, делови од Сирија и Палестина (Едемската градина), од каде што била пренесена преку Црното Море во Грција. Смоквата била донесена во Рим преку Египет и ја донеле Феникијците.
Денес, смоквите растат низ целиот свет. За нејзините знајни лековити својства напишани во античките египетски записи, како и во записите за античките цивилизации на медитеранскиот појас, дознаваме дека таа е опишана во легендите како симбол за плодност и размножување.
Лисјата од смоква се едногодишни, големи, жилави и груби на парталите и малку влакнести. Цветовите од смоква се разликуваат од другите цвеќиња. Тие се развиваат заедно во месести соцветија и формираат облик на круша. Овошјето е сочно и слатко. Кората на дрвото е кафеаво-сива и мазна.
Денес во ботаниката се познати околу 700 видови смокви. Важно е да знаете дека не треба веднаш да се пие вода по консумирање на смокви. Смоквата е хранливо стимулирачка храна во и како таква секогаш треба да се зема наутро.
Свежите и суви смокви имаат лаксативно дејство. Дури и во античката и народната медицина, тие се сметаат за природен лаксатив. Повремениот запек се третира со компот од суви смокви или сливи, како и комбинација на двете овошја. Многу е важно да знаете како да го регулирате варењето на храната, со цел да се избегне автоинтоксикација на организмот, односно труење со сопствени отрови, поради неколкудневно задржување на столицата.
Сувите смокви имаат лековито дејство врз гастроинтестиналниот тракт првенствено врз работата на желудникот, како важен дигестивен орган и ја апсорбираат вишокот киселина од желудникот, олеснувајќи ги симптомите на гастритис.
Поради своето антисептично дејство, народната медицина користи смокви против воспаление на грлото и белите дробови, и како лек против паразити во цревата. Смоквата се користи и како облога после убо-ди од инсекти. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.