Габата од која се добива пробиотикот наречен кефир, може да се користи во програмот за слабеење. Тајната на оваа габа кој уште е наречена Тибетанска габа, лежи во нејзиното својство да ги разлага мастите на поедноставни соединенија кои полесно можат да се исфрлат од организмот.
Со консумирање на кефирот не само што се сузбива гладот, туку и помага во процесот на слабеење. Важно е дека кефирот благотворно делува на микрофлората на гастроинтестиналниот тракт. Ги неутрализира и отстранува сите отрови од организмот кои се создаваат при разложувањето на храната во цревата.
Постојат два начини за губење на вишокот килограми со помош на кефир:
Едниот е за слабеење на подолг временски период, со чија помош се губат 4-6 кг месечно кај помалку дебелите луѓе, односно кај оние кои сакаат да ја нормализираат својата тежина.
Вториот начин се користи кај претерано дебели луѓе кога за два месеци можат да ослабат и до 25 вишок килограми.
И давата начина се добри и не се штетни по здравјето. Можете да ги користите по ваш избор, во зависнот од вашиот степен на дебелина.
1.За да ослабите, потребно е да го пиете кефирот секојдневно, половина час пред секој оброк по 100 мл. Еднаш или двапати седмично е корисно да се направат рестриктивни денови на база-кефир, односно, да се пие по 1,5 литар кефир во текот на целиот ден. Ако „кефирниот ден“ за вас е премногу напорна процедура, тогаш обидете се да воведете рестиктивен ден со помош на овошје.
МЕНИ ЗА ПОСЕН ДЕН (ПРВ НАЧИН):
-Првиот појадок (9:00-9:30)- јаболко (сирово или печено) и чаша кефир(100мл)
-Втор појадок (10:00-11:30)- круша, јаболко и чаша кефир
-Ручек (13:00-14:00)- чаша кефир и парче црн леб
-Вечера (17:00-17:30)-салата од една круша и едно јаболко (или рендано јаболко и морков) прелиени со кефир
-Еден час пред спиење се пие една чаша кефир со една лажичка мед.
На овој начин се консумира кефирот во текот на 20 дена, а потоа се прави пауза од 10 дена и се продолжува понатаму.
На овој начин слабеете 4-6 килограми месечно. Притоа се стабилизира цревната микрофлора, се елиминира холестеролот а хормоните и метаболизмот се враќаат во нормала.
Резулатот е целосно нормализирање на телесната тежина. Нутриционистите тврдат дека лесно ќе ги изгубите вишокот килограми ако го редуцирате внесот на слатко, масна храна и производи од бело брашно.
СЛАБЕЕЊЕ ПРИ ПРЕТЕРАНА ДЕБЕЛИНА
Лекувањето на претерана дебелина со помош на кефир се состои во тоа што се почитуваат одредени правила за време на диетата:
-1 седмица имате обична исхрана(објаснета подолу);
-1 седмица диета од 1.начин;
-1 седмица обична исхрана итн.
Пред почетокот на диетата имате рестриктивен ден (опишан погоре)
-после првата седмица од диета, преминувате на обична исхрана-една седмица.
Потоа започнувате со еден рестриктивен ден, и продолжувате понатаму.
Притоа, мора да се ограничи внесот на слатка, масна и скробна храна. За време обичната исхрана, мора да се придржувате на точните часови кога се консумира некој оброк.
Поделете го истото временско растојание на 6 оброци, се до 18 часа. После тоа не смеете да јадете ништо.
При напад на глад можете да испиете дополнителни 100 мл кефир.
Покрај ограничувањата во исхраната, треба да се ограничи и внесот на течности за време неделниот режим, односно да не се пие повеќе од 0,5 л вода, освен 6.ден од режимот (кога треба да се испие 1,5 л минерална вода).
ДИЕТА:
Следната храна поделете ја на 4 дела, а кефирот во 5. Последната порција кефир се пие еден час пред спиење.
-1.ден: 400 г варен компир без сол и 0,5 л кефир
-2.ден: 400 г немасно ситно сирење и 0,5 л кефир
-3.ден: 400 г овошје (освен банана и грозје) и 0,5 л кефир
-4.ден: 400 г варени пилешки гради без сол и 0,5 л кефир
-5.ден: 400 г овошје и 0,5 л кефир
-6.ден: 1,5 л негазирана минерална вода
-7.ден: 400 г овошје и 400 мл кефир
На овој начин се симнуваат 8-10 килограми за две седмици и просечно околу 25 кг за 2 месеци.
ОНА ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ДИЕТАТА:
-започнете да го консумирате кефирот по 100 мл дневно, и постепено зголемувајте ја дозата додека организмот да се привикне.
-во првите 10-14 дена од консумирањето, се зголемува активноста на цревата која се манифестира преку зголемено создавање гасови, чести столици, промена на бојата на урината. Но, тоа е нормална реакција, односно знак дека започнал процесот на чистење. После ова време состојбата се нормализира.
-Диетата не смеат да ја спроведуваат бремени жени и луѓе кои се нетолерантни на млечни производи.
-Луѓе со зголемена желудечна киселина е подобро да го пијат кефирот кој отстојал само 12 часа а не 24.
-Ако се консумираат лекови, мора да се направи пауза од 3 часа помеѓу консумирањето на лековите и кефирот, со консултација на лекар.
-За време на оваа диета строго се забранува консумирање на алкохол.