Ова е руски еликсир „вечна младост“: Потребни ви се само четири билки за да изгледате 20 години помладо. Сите билки се богати со лековити својства а со нивна консумација вашите клетки ќе се регенираат и подмладат.
Руската народна медицина е богата со лековити рецепти, а меѓу нив го пронајдовме и овој еликсир на „вечна младост“ за кој луѓето кои го пробале тврдат дека е многу делотворен, особено за елиминација на вишокот килограми.
Руските научници пронашле совршена комбинација од четири билки поради која ќе бидете вечно млади! За приготвување ќе ви бидат потребни следните состојки:
100 г цвет од камилица
100 г кантарион
100 г цвет од смиљ
100 г пупки од бреза
Постапка:
Сите билки истурете ги во еден поголем сад, а потоа со чисти и суви раце убаво измешајте ја содржината за да се изедначи. Мешавината чувајте ја во херметички затворен сад.
Приготвување на чајот:
Земете една супена лажица од мешавината и прелијте со половина литар зовриена вода, поклопете и после 20 минути процедете.
Напитокот чувајте го топол во термос. Половина чај испијте го наутро на празен стомак, а другата половина два часа после вечера. Вечерата да не биде никако после 19-20 часот.
Терапијата трае еден месец а смее да се повтори дури после пет години.
Овој напиток ќе ви помогне да ослабете без држење диети и кога постои пореметување кај метаболизмот. Телото се прочистува од токсини и на тој начин се ревитализира и се подобрува работата на срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот.
Еликсирот ја зголемува еластичноста на крвните садови, помага кај мултипла склероза, превенира инфаркт и хипертензија. Еликсирот на вечна младост има пијатен вкус, а по желба може да се заслади со лажичка мед.