Ова е еден природен напиток кој потекнува од стара Германија, а се состои од лимон, лук, ѓумбир и вода. Сите состојки се лесно достапни, само потребно е да бидат од добар и проверен квалитет. Ова особено се однесува на лукот, за кој е потребно е да биде домашен, органски, односно да не е со потекло од Кина.

Овие три состојки заедно даваат една моќна комбинација која има силни, позитивни здравствени ефекти врз целото тело.

Овој напиток овозможува:

-регулирање на маснотиите во крвта, особено доколку имате високо ниво на лош холестерол во крвта

-превенција и лекување на затнати артерии од плаки

-превенција и лекување на инфекции и настинки

-природно зајакнување на имунолошкиот систем и зголемување на отпорноста од разни вируснни и бактериски инфекции

–природно чистење и регенерација на црниот дроб

-спречување на замор и зголемување на енергијата и виталноста

-превенција од слободните радикали во организмот кои се причинители за најтешките болести и бројни други состојби поврзани со болестите на срцето и кардиоваскуарниот систем.

Потребни состојки:

4 лимони со кора (по можност органски, непрскани)
4 големи главици лук
1 помал корен од ѓумбир
2 литри вода

Постапка:

Измијте ги лимоните добро или истретирајте ги во вода со сода бикарбона. Исчистете го лукот, излупете го ѓумбирот, па сите состојки исечкани на помали парчиња сомелете ги во блендер.

Кога смесата ќе се изедначи, истурете ја во поголемо тенџере и додадете 2 литри вода. Загревајте на умерена температура додека да започне да врие. Веднаш исклучете го огнот пред да зоврие и оставете го тенџерето поклопено, постепено да излади.

Потоа процедете ја течноста и складирајте ја во стаклени шишиња.

Употреба:

Се пие по една чаша секојдневно, два часа пред оброк или најдобро, на празен стомак наутро.

Терапијата со овој напиток трае 3 седмици (21 ден) со секојдневно консумирање по една чаша од 200-250 мл.

Откако ќе поминат три седмици треба да се направи пауза од една седмица, а потоа може да го повторите третманот со истиот циклус.

Доколку вкусот не ви одговара, може да додадете малку мед, но не претерувајте. После три седмици редовно консумирање, би требало да почувствувате значителна регенерација на телото.

Напитокот освен за кардиоваскуларниот систем, исто така, особено е полезен за спречување на калцификати во телото, односно спречување на создавање на камчиња во ткивата и органите.

Со готвење на комбинацијата доаѓа до неутрализација на луковиот мирис, па затоа не мора да се грижите за здивот. Пред секое консумирање протресете го шишето, за да се измеша и наталожениот талог.

Оние кои го пробале напитокот, велат дека е одличен и за постари лица, дека им ја враќа енергијата и силата, па така ги подмладува. За неколку седмици со овој напиток се подобрува циркулацијата, а со тоа се враќа и потентноста на организмот.