Данската нутриционистка и директорка на биотехнолошката компанија, Сузи Венгел, осмислила еден диетен режим, кој се покажал толку многу ефикасен и лесен, што нејзиниот план на исхрана веднаш го нарекле “Најлесната диета на светот”. Целиот принцип на диетата е објаснет во книгата „The Scandi Sense Diet“.
Подолу во текстот можете да прочитате зошто оваа диета е подобра од останатите и зошто лекарите ја сметаат за неверојатно проста и едноставна.
КАКВА Е ОВАА ДИЕТА И ЗОШТО Е ТОЛКУ ЕДНОСТАВНА?
Едноставна е затоа што не мора да ги броите калориите, да размислувате за односот на белковини, масти и јаглени ходрати и да ги мерите порциите по некој сложен систем.
Основното правило на оваа дитеа е следниот:
Секој оброк мора да содржи 4 видови намирници кои се мерат со шака:
1 шака белковини
1 шака јаглени хидрати
2 шаки зеленчук
1 супена лажица масти.
Не е потребно да ги броите калориите и да ги мерите порциите, што навистина може да претставува проблем кога многу работите или сте на патување.
Сузи ја направила оваа диета за себе и еве што таа вели:
“Доколку држите диета која за вас не е добра, може навистина да губите од телесната тежина, но нема да се чувствувате добро: ќе ви се расипе тенот на кожата, квалитетот на косата, ќе имате главоболки.
Кога го родив второто дете, одеднаш се здебелив и никако не можев да ослабам. Имав речиси 100 килограми, што е навистина многу.
Обидувајќи се да ослабам, испробав десеттина диети. Дополнителен проблем беше тоа што трипату успевав да ослабам по 20-25 кг, но редовно после неколку месеци се дебелеев уште повеќе.
Сфатив дека строгите ограничувања предизвикуваат прејадување, па затоа направив сопствен план на исхрана. За 10 месеци ослабев речиси 40 килограми. Сега имам 60 кг и оваа тежина ја одржувам веќе шест години.
Фотографијата од лева страна – кога имала 98 кг, а фотографијата од десно – сега, со 61 кг.
Диететичарите тврдат дека со помош на скандинавската диета може да се слабее просечно од 0,5 до 1,5 кг седмично.
Добрата вест е што сепак можете да испиете една чаша црно вино, да изедете една чинија шпагети и да користете масло за готвење. Жените со скандинавската диета просечно внесуваат околу 1500 калории, мажите 2000 калории, па притоа ништо не мора да пресметувате.
КАКО ИЗГЛЕДА ОВАА ДИЕТА?
Не мора долго да барате идеја за тоа како изгледаат јадењата и како се приготвуваат, бидејќи на Инстаграм, на хаштагот #sensekost ќе пронајдете 45000 фотографии со рецепти на вкусни, а секако и многу здрави јадења.
Еве пример за појадок, ручек и вечера:
ПОЈАДОК:
-Зеленчук (две шаки): Неколку шери домати и грашок
-Белковини (1 шака): Две јајца
-Јаглени хидрати (1 шака): 1 парче леб
-Масти (1 супена лажица): путер намачкан на леб
-Шолја кафе со млеко
РУЧЕК:
-Зеленчук (две шаки): морков, краставица, пиперка, домат, печурки
-Белковини (1 шака): Паштета, јајце, лист сланина
-Јаглени хидрати (1 шака): 1 парче леб
-Масти (1 супена лажица): сирење
ВЕЧЕРА:
-Зеленчук (две шаки): морков, пашканат и аспарагус
-Белковини (1 шака): шницла
-Јаглени хидрати (1 шака): 1 чаша вино
-Масти (1 супена лажица): сос бернез и малку путер на кој се пржел зеленчукот