Лабораториските анализи на крвта се важни за дијагнозата на пациентите, но само кога се точни, известува Алсат М. Имено, многу граѓани се жалат на работата на лабораториите, воглавно приватните, за издавање неточни резултати при контрола на крвта. Еден граѓанин раскажал дека му се случило во текот на денот да направи анализа на крвта во две различни лаборатории и да добие различни резултати.
„За да го истражиме ова, нашата екипа го стори истото. Извадивме крв за анализа во две многу блиски лаборатории. Крвта беше на нашиот репортер во временска разлика од само неколку минути, но резултатите од лабораториите беа различни“, известува Алсат-М.
Почнувајќи од анализите на имунитетниот систем, ензимите, шеќерот и леукоцитите, сите имаа различни резултати. Лекарите кои го контактиравме беа збунети и не знаеја на која крвна слика да се потпрат за да состават дијагноза.
Целиот текст и видеото од прилогот, погледнете ги на Алсат М