Ситни колачи ОРЕВЧИЊА….БЕЗ КАЛАП…Чајни кекси полнети со еурокрем…Многу вкусни, се топат во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
270 г брашно
1 лажичка цимет или какао
1/2 лажичка прашок за печиво
80 г шеќер во прав
100 г маргарин или путер
1 јајце
За фил: еурокрем, џем, кондензирано млеко, чоколадо…
Се печат на 180 степени околу 15 минути
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте го брашното со шеќерот во прав и циметот (какаото). Потоа додајте маргарин на следниот начин: прво извалајте го во смесата за да не се лепи, па изрендајте го.
2.Додајте јајце, а потоа и масло. Замесете мазно тесто кое не се лепи на раце, па откинувајте и со дланките обликувате 30 топчиња помали од орев. Оставете ги во фрижидер 30 минути.
3.Пресечете ги на половина и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Горниот дел на секое парче притиснете го за да го добиете карактеристичниот облик на орев.
4.Со чепкалка за заби најпрво направете средишна линија, а потоа мали ситни нерамнини за да се добие автентичен облик на лушпата.
5.Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, само 15-тина минути. Кога ќе се оладат спојувајте ги по две со крем по ваш избор. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/v1iBVBdVszM?si=T5uQXbwmxxhN8RXC