Автофагијата стана многу популарен начин на исхрана, а малкумина од нас се запрашале каков ефект има таа врз мозокот…
Автофагијата е еден од најпопуларните и нашироко прифатените нутриционистички режими. Многумина не го практикуваат само за слабеење, туку го третираат како начин на живот.
Поновите истражувања го разгледаа влијанието на овој начин на внесување храна врз мозокот и неговата функција.
Каков процес започнува автофагијата во нашето тело?
Временски ограничени периоди на внесување храна, односно строги периоди без храна, се познати како автофагија.
Научниците ја опишаа временската рамка во која не се зема ниту една храна како процес на чистење на сето токсично што се „акумулира“ во нашето тело во текот на денот.
Така дошле до заклучок дека истиот процес се одвива и во нашиот мозок.
Практично, како што велат, овој процес на „само-чистење“ помага во детоксикација на мозокот, отстранување на старите и оштетени клетки и нивните остатоци. Но, помага и во регенерација на понови, поздрави клетки.
Мноштво истражувања покажаа дека проблемите со акумулацијата на оштетените клетки се поврзани со Алцхајмерова болест, депресија, биполарно растројство, шизофренија и други невропсихијатриски проблеми.
1. Ја подобрува меморијата
Се покажа дека ограничувањето во јадењето какво што налага автофагијата значително ја подобрува меморијата, според студијата објавена во Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics.
Се покажало дека работната меморија, учењето и меморијата значително се подобруваат по 4 недели во оваа диета.
2. Подобро расположение
Истражувањето во Journal of Nutrition Health & Aging покажа дека по 3 месеци периодично постење, учесниците во студијата пријавиле подобрување на расположението со намалена напнатост, лутина и конфузија.
Друга студија од 2018 година која ги истражува стратегиите за губење на тежината покажа дека автофагијата е поврзана со значителни подобрувања во емоционалната благосостојба и помал ризик од депресија.
Согорувањето повеќе маснотии, што е еден од ефектите на автофагијата, е исто така добро за здравјето на мозокот.
ПРОЧИТАЈТЕ: Д-р Драган Иванов: Доколку сакате да ги намалите килограмите, применете автофагија на правилен начин – ОВДЕ.