Сите погрешно ја користиме оваа фиока, а еве која е нејзината вистинска намена.
Во која кујна и да влезете, ако ја отворите фиоката која се наоѓа на дното од шпоретот под рерната, таму ќе наидете на плехови, тепсии и останати помошни работи кои во кујната не ги користиме пречесто.
Меѓутоа, иако се чини дека тоа и е единствената можна намена, всушност нејзината намена која и ја доделиле произведувачите – е сосем поинаква.
Имено, оваа фиока всушност служи за да ја одржува температурата на приготвеното јадење. Кога приготвувате поголем семеен ручек, или воопшто се собирате поголем број луѓе, па чекате сите да се соберат за да започне гозбата, токму тука треба да го ставите јадењето за да има идеална температура доколку гостите доцнат.
Во секое упатство кое доаѓа до купувањето на шпоретот и рерната, а кое речиси никој од нас не го чита, во врска со оваа фиока пишува:
-Топлата фиока ја чува температурата на топлата храна – на идеална температура за послужување. Во неа секогаш го ставате топлото јадење.
Ладниот оброк или оброк на собна температура не може да се загрее или да се готви во оваа фиока.-
Ете, сега знаеме за што всушност служи оваа фиока и мора да признаеме дека звучи, баш корисно.
Дали вие ја знаевте нејзината вистинска намена? Напишете во коментар!