-Месото од врат е најдобар избор за совршен бурек.

-Пред крајот на печењето питите се премачкуваат со павлака за готвење и јајце за да бидат уште помеки.

-Местото може да се издинста со кромид или да се исечка на ситни парченца, а во тој случај сите сокови излегуваат во текот на печењето и се впиваат во тестото.

-Оние кои сакаат пржено месо за бурек, во смесата може да додадат и презла за да биде побогато.

-За најдобар сооднос се препорачува на литар вода да се додаде килограм и 650 г брашно, како и лажица сончогледово масло и сол. Тестото се развлекува со сукало или оклагија врз набрашнета површина, а ако се меси со раце и се тегне, површината треба да се намасти.

-Ако тестото се замесува со ладна вода, треба да се остави два часа за да се опушти и тогаш најмногу ќе се растегнува.

-Ако тестото се замесува со млака вода, тогаш тоа ќе може да се работи за половина час.

Потребни состојки:

600 г тесто (веќе измесено и тегнето во една голема кора ~1 метар)

1 кг компир +-

1 главица кромид

500 мл масло+-

сол по вкус, околу половина лажичка

црн пипер по вкус

Постапка:

Пропржете го ситно сечканиот кромид во тава, па додадете го компирот исто така исечкан на коцкички. Некаде на половина од пржењето додадете сол, а на крајот од пржењето додаете црн пипер.

Динстајте на тивок оган околу 15 минути. Потоа смесата распоредете ја врз кората за пита, свиткајте ја и печете околу 25 минути на 220 степени.