Од постојано изложување на топлина и масни испарувања, тавите и тенџерињата ја губат својата боја и облик. Честопати јадењата претекуваат, се запекуваат и сите тие влијанија оставаат траги врз садовите кои ги користиме, најчесто тавите и тенџерињата.
Со текот на времето, со нивно константно користење, тие започнуваат да изгледаат неупотребливо, и на крај се одлучуваме да ги фрлиме. Сепак, дури и ако купите нови, по некое време и на нив истото ќе им се случи, затоа што готвењето си го прави своето, па колку и да внимавате, тоа е неизбежно.
Пробајте да ги исчистите своте тави, тепсии и тенџериња со следнава домашна и природна смеса која не содржи хемикалии: Едноставно растворете сода биларбона во топла вода и оставете го садот некое време да кисне. За поголема ефикасност додадете и оцет.
Оставете вака да отстои смесата 15-20 минути, во загреана рерна или врз загреана рингла, а потоа исперете го садот со детергентот што вообичаено го користите. Доколку е потребно употребете ја и рапавата страна од сунѓерот за да ги отстраните закоравените маснотии.