Пита со тиквички: “Сите што ја пробаа питата “паднаа во несвест” од што е убава, па морам пак да ја направам”.
Потребни состојки:
1 пакување готови кори за пита
5-6 тиквички
500 г кравјо сирење
5 јајца
5 лажици кисела павлака
1 лажица гриз
1 лажичка прашок за печиво
вегета, сол, црн пипер
Постапка:
Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Оставете ги посолени да отстојат 15-тина минути, па исцедете ги со раце од течноста што ќе ја испуштат.
Измешајте го сирењето со 3 јајца, 2 лажици кисела павлака и гриз. Зачинете по желба. Јас користам вегета, но ако не сте љубители можее да зачинете само со сол и црн пипер.
2 јајца и 3 лажици кисела павлака измешајте ги и оставете настрана за прелевање на питата пред печење.
Во премачкан плех/калап со путер ставете еден лист кора, испрскајте со масло, па ставете втор лист кора.
Врз кората распоредете прво тиквички, па смесата од сирење а потоа ставете трета кора која лесно со рацете ќе ја згужвате во величина на плехот.
Постапката повторувајте ја додека имате материјал. Кога ќе завршите со последната кора израмнете и ако е поголема од плехот исечете ја.
Исечете ја питата на коцки и прелијте со мешавината од јајца и кисела павлака. Печете на 180 степени околу 30 минути, додека да добие златно кафеава боја. Вкусна е топла но и ладна.