Сите го обожаваат овој ручек со модар патлиџан, едноставно се приготвува и секој може да си го дозволи, евтин е. Освен што многу лесно и брзо се прави, ова јадење е многу вкусно, обилно е и заситно, бидејќи изобилува со витамини.




Ручекот се подготвува брзо и лесно, а ќе ви бидат потребни следниве состојки: 2 модри патлиџани, 3 домати, 140 г спанаќ, 4 лажици рикота или урда, 1 чешне лук, 200 г кашкавал, доматен сос, сол, црн пипер, босилек и маслиново масло по потреба.




Постапка: Модрите патлиџани се мијат под млаз вода, па од нив се сече дршката и се сечат долгнавесто на ленти со широчина од приближно 1 см. Во намастена тава со маслиново масло, се реди еден ред патлиџани, па се посолува со сол, црн пипер и малку босилек, па се намастува со уште малку маслиново масло.




Потоа се реди уште еден ред, па се зачинува и се намастува и сè така додека да ги искористите сите патлиџани. Потоа се ставаат на печење во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути.




Во меѓувреме, црвените домати се мијат и се сечат на кругови и се посолуваат со малку сол, па се оставаат настрана. Исто така и спанаќот се мие, се става во сад, па се зачинува со микс зачини по ваш избор и се меша заедно со урдата, рикота сирење или некое друго сирење што лесно се дроби.




Врз спанаќот се ренда малку лук и се соединува смесата. Кога ќе се испечат модрите патлиџани, се оставаат малку да се изладат, па се редат прво најдолгите ленти-патлиџани во огноотпорен сад, така што се реди првиот ред, но се остава малку да висат надвор (за подоцна со нив да се преклопи површината).




Печените модри патлиџани треба да бидат меки. По првиот слој се додава од смесата од спанаќ на средина на тавата и се распоредува подеднакво. Не се опфаќаат деловите кои излегуваат од тавата.




Одозгора се наросува со малку маслиново, па се редат доматите и на крај се наросува со кашкавал и доматен сос. Потоа се повторува постапката, со редење на втор ред патлиџан, па смесата со спанаќ, маслиново масло, домати, кашкавал и доматен сос.




На крајот се завршува со редење на последниот ред мордри патлиџани, а оние делови од страната што не се затворени се преклопуваат со парчињата од првиот ред кои излегуваат од тавата. На крајот се наросува со уште малку кашкавал или пармезан и доматен сос.




Може да користите доматен сос или маринара сос, како што се користи во видеото. За да добиете маринара сос, во доматниот сос додавате лук, оригано, босилек и ситно сечкан кромид. Сето тоа може да го сварите претходно, но и не мора со тоа што вака тавата оди на печење.




Ручекот се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30-тина минути. Ручекот е толку фантастичен, но и обилен, доволно излегува за цело семејство. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.