Диетата со домати е ефикасна за слабеење – можете да изгубите 10 кг за 7 дена, а 3-4 кг за 3 дена. Диетата е погодна за ефикасно слабеење, бидејќи сокот од домати содржи супстанција која го забрзува метаболизмот.

Доматите содржат посебен вид на незаситени масни киселини, кои ни помагаат да се избориме со вишокот килограми. Првично, исхраната со домати стана популарна во Јапонија, а денес се здоби со светска популарност.

Пред да започнете со оваа диета, запознајте се со нејзините основни принципи за да постигнете максимални резултати. Многу е важно да јадете свежи, а не пржени домати.

Кога се термички обработени, доматите ќе ги загубат хранливите материи и витамини. Ако случајно ви здодее да јадете свежи домати, тогаш згответе ги на тивок оган или испечете ги.

Готвењето и печењето не им штетат на благотворните својства на зеленчукот како што тоа го прави пржењето.

Оваа верзија на диетата со домати е погодна за гyбење на 10 кг. По петтиот ден, повторете ги првите два дена од менито. Пред примена советувајте се со вашиот нутриционист или лекар, особено ако имате некаква здравствена состојба.

ДЕН 1

Појадок: парче интегрален леб и еден домат. Ужина: салата од домати (1 домат, 1 лажица маслиново масло, зачини по избор). Ручек: еден домат со средна големина. Вечера: 2 варени домати, три моркови со средна големина

ДЕН 2

Појадок: јогурт со малку маснотии. Ужина: топла салата од домати, односно намирниците не треба да бидат ладни од фрижидер (2 домати, краставица, кромид, маслинки со една лажица свеж сок од лимон и зачини по вкус).

Ручек: еден домат со средна големина. Вечера: супа од домати (кромид, 2 лажици доматна паста и 2 чаши вода, сварени на тивок оган. Додајте црн пипер и сол по вкус).

ДЕН 3

Појадок: 2 парчиња леб. Ручек: омлет од 2 јајца и 2 домати. Ужина: чаша сок од домати. Вечера: 2 домати со зачини по вкус.

ДЕН 4

Појадок: едно парче тост и еден домат. Ручек: 2 ½ чаши целосно сварени домати. Ужина: еден домат. Вечера: 2 домати и парче варено пилешко.

ДЕН 5

Појадок: 1 парче леб и чаша свеж сок од домати. Ручек: 2 домати. Ужина: 2 моркови со средна големина. Вечера: 1 варен компир, 1 морков и 1 домат. Додадете зачини по вкус.

Можете да го прилагодите менито за исхрана со домати според сопствените потреби и да се обидете да го искомбинирате планот за исхрана со вашата омилена храна.

За повеќе диет-планови заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Со „КРАСТАВИЦА ДИЕТАТА“ можете да слизнете и до 7 КИЛОГРАМИ ЗА 7 ДЕНА: Комплетно мени со 2 рецепти“ – ОВДЕ.

Со „КРАСТАВИЦА ДИЕТАТА“ можете да слизнете и до 7 КИЛОГРАМИ ЗА 7 ДЕНА: Комплетно мени со 2 рецепти