Имав 35 години кога се омажив по вторпат. Веќе имав 17-годишен син од првиот брак, кој го родив многу рано и не ми падна на памет да родам уште едно дете. Бев целосно расположена и си велев:
„Сега ми дојдоа моите пет минути. Сега треба да го живеам животот. Треба да одам на концерти, во музеи, театри, да излегувам до доцна со сопругот, да се бакнувам на улица, да ги правам сите работи што не можев да ги направам затоа што на 18 години останав бремена и родив дете“, ја започна својата приказна жена која сакаше да остане анонимна.
Но, не, не одеше сѐ како што сакав – мојот нов сопруг сакаше да има свое дете. Беспотребно се трудев да му докажам дека бебето е напорна работа, дека ќе го буди навечер, дека ќе нѐ боли грбот од нишање и слично, но тој не се откажуваше.
И тогаш, поради неговата голема желба, попуштив. Му реков: „Добро, ќе се обидам да забременам“, додека верував во себе дека нема шанси да забременам, бидејќи веќе имам 40 години. Моите очи беа вперени кон менопаузата.
Но, се чини дека моето тело не беше подготвено да се препушти на староста, забременив многу брзо. Бременоста беше совршена. Се вљубив во својот нов изглед. Сопругот беше неверојатно совршен со мене и се чувствував како да сум на седмо небо.
Сите околу нас буквално аплаудираа велејќи дека сме херои затоа што се осмеливме да го направиме овој голем подвиг. Несвесна што правиме херојски подвиг, родив син кој сега има една година и тежи 14 килограми. И сега кога ќе го видам со неверување знам да си речам – еј, ова е мое дете!
Ако сега имате 36, еве го моето мислење зошто е добро да се роди бебе на 40 години или нешто пред тоа.
1. Во 40-тите ве „боли уво“ за сите добронамерни совети, завист, туѓи мислења итн. Развивате некој сериозен „зен“ и се чувствувате како супермајка.
2. Кога имате бебе мора да бидете млади. Затоа, во моите 40-ти, морам да одам на фризер, да правам маникир и да дадам сѐ од себе затоа што не сакам изгледам како да сум баба на моето дете.
3. Постарото дете со задоволство и разбирање се грижи за помалото дете. Секогаш кога сакам да излезам на концерт или во кино, му се јавувам на син ми, кој со задоволство доаѓа да го чува својот помал брат.
4. Не се плашам од дебелеење. Сега знам дека тежината е променлива работа. Ако сум се здебелила, ќе ослабам, сѐ се може.
5. Докторите ве гледаат поинаку. На 18 години, кога го родив моето прво дете, почувствував дека сите ме гледаат мене како дете. Сега ми се обраќаат со почит.
6. Другите мајки во паркот внимателно слушаат што имам да кажам – затоа што сум жена со искуство. 7. Го почитувам своето тело повеќе од кога било. Еј, сега знам што сѐ може да направи.
8. Детето е одлична превенција од Алцхајмерова болест – нема опуштање, мозочните вијуги работат милион пати на час. 9. Нема повеќе непотребни жртвувања – штом некој ми понуди помош, целосно ја искористувам.
10. Ги знам моите приоритети. Ако се грижам за бебето – се грижам за бебето. Тоа значи дека не можам да успеам да ја исчистам куќата, да зготвам 5 оброци или да забавувам толпа луѓе.