СИТЕ ми го бараат рецептот за ЦРВЕНИОТ КОЛАЧ БЕЗ ШЕЌЕР: 300 г овес и 3 јаболка, измешај и испечи…ВКУСНО И ДИЕТАЛНO! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г мелени овесни снегулки
1 лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка)
2 јајца
1 прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила/цимет
3 лажици засладувач – замена за шеќер, како стевија или еритрол/ксилитол, мед или нешто по ваш избор
3 големи јаболка
60 мл вода
10-тина урми (1/2 чаша)
2 грста бадеми (1/2 чаша), тостирани и излупени, ситно исечкани
2 грста ореви (1/2 чаша), тостирани, ситно исечкани
1-2 раце црвени бобинки по желба, може и сува брусница (малку потопена во рум)

ПОСТАПКА:

Јајцата пенасто изматете ги со прстофат сол, ванила и засладувач по ваш избор. Додајте ги мелените овесни снегулки и прашокот за печиво, па добро промешајте.

Јаболката излупете ги и отстранете им ги семките, па заедно со водата сомелете ги во блендер. Соединете ги со претходната смеса и додајте ги ситно сечканите урми.

Ако бадемите не ви се печени и лупени, направете го следното: варете ги 3 минути во врела вода, па процедете ги. По ова многу лесно ќе ги излупите. Потоа лратко истостирајте ги во сува тава колку убаво да замирисаат.

Потпечените бадеми и ореви ситно исечкајте ги и додајте ги во смесата. Сето убаво промешајте го да се изедначи. Сипете во намастен калап обложен со хартија (22 см), распоредете и израмнете.

Одозгора посипете го црвеното овошје по избор, па малку притиснете за да навлезе во тестото.

И, ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Колачот неодоливо мириса, а вкусот не се опишува. Постапката погледнете ја ОВДЕ.