Сите ќе ве прашуваат како сте го направиле: ДОМАШЕН ПУТЕР од 1 состојка кој трае со седмици. Рецепт на Едноставно Вкусно. Домашен путер без адитиви и конзерванси, се подготвува како што го приготвувале нашите предци.




Иако постарите генерации знаат како се подготвува домашен путер, не е на одмет повторно да ви го пренесеме овој едноставен домашен рецепт. Домашниот путер има посебна слаткост, а трае исто време колку и купечкиот.




Така кажано, има долг рок на траење доколку го чувате правилно во фрижидер. Притоа путерот не треба да има никаква останата влага во него, а најчесто се расипува ако го чувате директно изложен на светлина.




Можеби новите домаќинки во кујната не помислиле некогаш да подготват домашен путер бидејќи купечкиот е секогаш при рака. Постарите порано го подготвувале путерот од полномасно млеко, а сега повеќето го подготвуваат со неутрална павлака – хопла.




За да го подготвите домашниот путер ќе ви биде потребно само неутрална павлака или хопла со 30-35% масленост. Количината на неутрална павлака која е користена во рецептот е 2 литри крем, а се добиваат 770 г путер.




Секако според количината на путер која сакате да ја добиете, одредете ја количината на неутралната павлака. Ова е вкусен рецепт за путер, прилагоден за сечиј вкус, а може да го користите во подготовка на пити, колачи, торти и разни други солени и благи јадења.




Во подлабок сад ставете ја хоплата. Вклучете го миксерот на најмала брзина и започнете да матите. Кога волуменот на масата ќе почне да се зголемува, така покачувајте ја и брзината на миксерот и се така додека да стигнете до матење со најголемата можна брзина.




Масата ја матите се додека да почне да се одвојува од течноста, ќе приметите кога е доволно одвоена. Потоа земете едно сито и ставате ја смесата во него за добро да се исцеди од течноста.




Течноста тргнете ја настрана, а масата заедно со ситото префрлете ја врз друг сад со ладна вода и добро исплакнете. Формирајте топче со помош на шпатула и потоа масата исцедете ја со раце како сунѓер бидејќи не треба да остане течност во смесата.




Потоа смесата ставете ја на проѕирна фолија и направете форма, правоаголна или како ролат. Добро завиткајте и затегнете со фолијата и ставете во фрижидер на 1 час да се стврдне. Потоа путерот е спремен за употреба.




Од преостаната течност може да направите урда, но треба да знаете како професионално се прави од бактериска култура. Сепак оваа течност е веќе ферментирана.. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.