Ефикасен и природен лек без адитиви, направен од едноставни состојки кои сите ги имаме дома. Содржи антивоспалителни, антивирусни и антибактериски својства. Совршено делува на ослабен имунитет или после прележан виpyc, бидејќи го помага исфлањето на слузта која долго време после болеста останува наталожена во белите дробови и ја пролонгира кашлицата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 3 ТЕГЛИ (700 мл): околу 700 г кромид, 4 големи лимони околу 400 г квалитетн, планински и мед од костен.




ПОСТАПКА: Исечете го кромидот и исечкајте го на коцки. Лимонот измијте го убаво со млаз ладна вода и истријте го со сода бикарбона. Доколку е потребно, оставете го да отстои половина час потопен во раствор од сода бикарбона.




Потоа лимоните исечете ги на тркалца, а семките и краевите од кората отстранете ги. Земете чисти и суви тегли кои претходно сте ги стерилизирале во рерна или во машина са перење садови, па започнете со редење:




На дното од теглата ставете сечкан кромид во висина од 1,5-2 см и ппрелијте со 1-2 супени лажици мед. Потоа врз кромидот ставете 3 кругови лимон. Повторете ја постапката: кромид-мед-лимон додека да се исполни целата тегла.




Мене ми беа потребни по два слоја од состојките. Затворете ги добро теглите со вакуумски капак или метален капак претходно добро дезинфициран со чист ал-кохол и обложен од внатрешна страна со целофан.




Вака приготвените тегли потребно е да отстојат 24 часа на собна температура за да се добие лековитиот сируп, по што се процедува. Во медот се ocлободyваат сите лековити состојки кои ги содржи кромидот, а дополнително вкусот се подобрува со лимоновиот сок, од кој пак се добива потребниот витамин Ц.




УПОТРЕБА: Се користи трипати на ден по една супена лажица, половина час пред главните оброци. За деца над три години, со консултација на нивниот лекар, се зема трипати на ден по една чајна лажичка, половина час пред оброк. Сирупот се чува во фрижидер. Рецепт на вкусниот блог ОВДЕ.