Фото и рецепт: Верица Николиќ

Потребни состојки:

200 г шеќер
300 мл вода
1 лажица сув цвет од камилица
1 лажица бел слез
6 ловорови листови
7 прстофати сува жалфија

Постапка:

Во суво тенџере ставете го шеќерот, па на тивок оган оставете го да се растопи и да се карамелизира. Кога ќе добие убава карамелова боја додадете ја водата и оставете на оган додека целосно да се растопи скаменетиот шеќер.

Кога шеќерот целосно ќе се растопи, додадете ја камилицата, белиот слез, ловоровиот лист и жалфијата. Варете три минути. Тргнете од оган, поклопете и оставете да излади.

Кога течноста целосно ќе излади, процедете ја, а сирупот складирајте го стаклени шишенца. Се чува во фрижидер.

Употреба:

За возрасни: 3х1 супена лажица (небитно пред или после јадење), За деца: 3х1 мала лажичка.

Фото и рецепт: Верица Николиќ