Фото и рецепт: Вишња Вишња
Овој лековит сируп од коприва првенствено се користи за лекување на бубрези, слабокрвност и општа слабост на организмот, меѓутоа можат да го консумираат и здрави луѓе за општо здравје и имунитет.
Копривата спаѓа меѓу најздравите билки кои постојат и кои им се достапни на луѓето. Се користи за лекување на голем број заболувања, особено бубрежни болести и слабокрвност.
Доколку одлучите да го приготвите овој рецепт, ви советуваме копривата да ја берете од ливада и природа подалеку од градот…
Ви нудиме две верзии за приготвување на овој лековит сируп, па вие одлучете кој повеќе ви одговата.
РЕЦЕПТ 1
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 врвови од коприва
6 литри вода
2 поголеми лимони, излупени и исечкани на коцки
4 кг шеќер
120 г лимонска киселина
РЕЦЕПТ 2
потребни состојки:
40 врвови коприва
3 литри вода
1 кг шеќер
5 лимони
*кога ја берете копривата, тоа правете го со ракавици, а кинете го само врвот и три ливчиња подолу.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Копривата и лимоните се ставаат во водата да отстојат 24 часа, па потоа се процедуваат и добро се истискува.
Се додава шеќер и се меша на многу тивок оган додека да се растопи или мешајте го ладниот сируп малку подолго, додека целосно да излади. Кога ќе излади, се додава лимонска киселина и повторно се промешува.
Сирупот се префрла во стаклени шишиња и е спремен за пиење.
Во вториот рецепт содржи повеќе лимон и не е потребна лимонска киселина.
Се чува во фрижидер.