Оваа тинктура е силна и нема многу пријатен вкус, но затоа е исклучително лековита и помага во ублажување на некои тегоби, а особено кога постојат инфекции во организмот.
Тинктурите се многу добри природни лекови, но треба да ги консумирате во нормални количини кои се пропишани, бидејќи се многу силни.
Се приготвуваат со алкохол, но може да се приготвуваат и со јаболкова киселина како што ќе прочитате во следниот рецепт.
Некои предности на оваа тинктура:
-јаболковата киселина има силно антимикробно делување, а се покажало и дека го намалува холестеролот.
-јаболковата киселина е антифунгална, антибактериска и антивирусна.
-го јакне имунолошкиот систем.
Потребни состојки:
1 лута пиперка
2-3 чешниња лук
1,5-2 см корен од ѓумбир
2-3 см корен од магдонос
малку јаболкова киселина
*количините од состојките можете да ги зголемите
Постапка:
Сите билки ставете ги во сад и прелијте ги со јаболкова киселина колку да се прекријат. Затворете го со капак овој тоник и оставете го на ладно место, да отстои 1-2 седмици. Повремено промешувајте.
По изминатиот период смесата процедете ја низ газа.
Добиената тинктура складирајте ја во стаклено, темно шише. Се чува на ладно и темно место.
Начин на употреба:
Консумирајте по мала ракиена чаша дневно од оваа тинктура, околу 20-30 мл. Најдобро е да започнете со една супена лажица растворена во чаша вода.
Ќе ви помогне при инфекции на гастроинтестиналниот тракт, а притоа ќе го зајакне и имунитетот.
Напомена: Тинктурата мора да ја консумирате во помали количини бидејќи оцетот ја разредува крвта. Затоа можете и малку да го разблажувате со вода.