Поради топлото време, честопати купеното овошје пребрзо се расипува стоејќи во чиниите на масата или фаќа мувла и покрај тоа што се чува во фрижидер.

Ако овошјето сте го купиле веќе презреано и омекнато, а немате намера сето да го консумирате, па не знаете што да правите со меките сливи, праски, смокви, капини… еве решение.

КАКО ДА ГО УСПОРИТЕ ПРЕДВРЕМЕНОТО ЗРЕЕЊЕ И ГНИЕЊЕТО

За да го успорите процесот на зреење и да ги уништите габичките и мувлата која би можела да се појави во следните денови, направете го следното:

-потопете го овошјето во жешка вода во времетраење од 30 секунди, а потоа распоредете го врз хартиена салветка за да се исуши, па префрлете го во фрижидер.

-користење на овошјето за летни пити

Кога овошјето ќе започне да гние, искористете го за да направите пита, бидејќи во тој случај одлично ќе послужи. За подготовка на ваквите пити овошјето токму треба да биде меко, па нема да пречи што е презреано, а нема ни да изгуби ниту на вкус.

НАПРАВЕТЕ КОМПОТ

Компотот е секогаш одлична прва помош кога не знаете како да го искористите зрелото овошје. Едноставно префрлете го во тенџере, додадете малку шеќер, цимет или друг зачин по желба и малку сварете го. Послужете го добро изладено.

НАПРАВЕТЕ МАФИНИ

Во стандардната смеса за мафини додадете парчиња овошје кое е презрело, посебно ако имаат банани и јаболка.

НАПРАВЕТЕ СОС ИЛИ ЏЕМ

Ако имате доста зрело овошје направете џем, а ако количината е помала, направете сос кој може да биде добар додаток со месо или сирење.