ШВАРЦВАЛД КОЛАЧ…Магија од вкусови со фантастична комбинација од вишни и чоколадо…
Традиционалниот рецепт за Шварцвалд торта тука е малку изменет и добиен е овој прекрасен колач. Фантастичната комбинација од чоколадо и вишни е заокружена со мека кора од кекси и слој од слатка павлака.
Кекс-кората може да биде заменета со класична бисквит-кора, но за летниот период кексите се вистински избор, кога не мора да се вклучува рерната.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г мелени кекси
100 г растопен путер
30 г Несквик или сличен производ
100 мл млеко
ЗА ЖЕЛЕ ОД ВИШНИ:
500-600 г исчистени вишни
200 г шеќер кристал
60 г густин (нишесте)
вода + сок од исцедените вишни, заедно вкупно 400 мл
ЗА ГЛАЗУРА:
200 г чоколадо
3 лажици масло
ЗА БЕЛ ДЕЛ:
200 г крем сирење
200 мл слатка павлака
шеќер во прав по желба (во рецептот не се става)
ПОСТАПКА:
Шварцвалд колач со фантастична комбинација од чоколадо, вишни и кора од бисквити
Видеото погледнете го ОВДЕ: