Однесувањето на родителите директно влијае врз однесувањето на детето во иднина. Тоа е како непишано правило на физиката. Едноставно, додека детето е сè уште мало, постојано се угледува на однесувањето на неговите родители, бидејќи тие се единствените кои ги гледа секојдневно. Што и да направите вие, тоа во иднина ќе повтори по вас.
Секое дете е посебно, а воспитувањето на децата не е напишана лекција која треба да се следи по правила. Запознајте го вашето дете, а потоа сами ќе знаете како треба да го воспитате, врз основа на неговите карактеристики.
Несомнено, децата различно се однесуваат и поинаку реагираат на ситуации, без оглед на фактот дека растат во исто семејство и ист дом, израснати на ист начин. Според истражувањето на Американскиот национален центар за биотехнологија, кое е дел од Американската национална библиотека за медицина, не постои дете со ист карактер.
Живееме во таква средина и општество каде што многумина се убедени дека казнувањето на детето е сосема нормална работа и дека само така можете да го научите да постапува правилно. Многу експерти имаат мислење дека доколку сакате да воспитате ментално и здраво дете, тогаш не смеете да го казнувате физички.
Познатиот руски психолог со долгогодишно искуство зад себе, Михаил Лабковски, објаснува зошто родителите не треба физички да ги казнуваат своите деца.
Лабковски посочува дека кога сме во стресна состојба и кога сме под закана или кога ни се нанесува физичка болка, во нашиот организам се ослободува група на глукокортикоидни хормони кои се познати и како „хормони на стрес“. Овие хормони се исто така одговорни за нашиот одговор на напад и болка.
Кај децата, овој хормон не се лачи во присуство на нивните родители, особено на мајката, бидејќи на тој начин природата го штити детето од дополнителни оптоварувања. Кога ќе се случи самиот родител да стане извор на стрес за детето, тоа нема да го регистрира како опасност, за него тоа ќе биде нормална појава.
Тоа дете ќе мисли дека така треба да постапува затоа што тоа доаѓа од неговите родители. За тоа дете, насилството и агресивното однесување во зрелоста ќе бидат сосема нормална појава. Кога детето ќе се најде во навистина опасна ситуација и под реална закана, тоа или ќе стане жртва или само ќе покаже агресивно однесување.
Мораме да најдеме сила во себе и еднаш засекогаш да разбереме дека не е во ред физички да се казнуваат децата. Ако и вие самите сте биле така третирани како дете, обидете се да се сетите како тоа влијаело на вас.
Ова е многу важна тема и затоа секој родител треба да знае дека кога физички го казнува своето дете, ја крши неговата волја за живот, советува психологот.