Секој од нас барем еднаш во животот нашол монета насред улица. Постојат многу народни верувања поврзани со случајното пронаоѓање на монетите. Едно од нив вели дека ангелите и душите оставаат порака за нас.
Иако можеби сметате дека ова верување спаѓа во суеверие, сепак, можете да прочитате многу интересни детали и толкувања од богатото народно верување. Исто така, можете да го прочитате и искуството на една жена поврзано со пронаоѓањето на монетите.
Дали сте забележале дека на улица почесто наоѓаме монети отколку хартиени пари? Ова, според народните верувања не се случува без причина. Исто така, вредноста на пронајдената монета (бројот) има свое значење.
Наоѓањето пари на улица, дури тоа да е и најмалку вредната монета, е поврзано со духовноста. Според старите верувања, тоа е порака која покажува дека сте ценети меѓу жителите на Земјата, но и во духовниот свет.
Се верува дека ова е еден од начините на кои се појавуваат ангелите и душите. Наоѓањето паричка може да биде порака што ви ја испратил некој близок што неодамна по-чинал – кој преку паричката ви кажува дека ве сака и дека многу му значите.
Но, тоа може да биде и утеха од самиот Бог кој вели: „Не п лашете се, не сте сами, јас се грижам за вас“, се вели во верувањето. Причината поради која почесто наоѓаме метални парички отколку книжни, е затоа што монетите „траат“ подолго од хартијата – ангелите и душите претпочитаат да остават потрајна трага.
Покрај тоа, сјајот на монетата привлекува луѓе. К инезите веруваат дека наоѓањето на паричка е знак за среќа, и тоа верување се проширило низ целиот свет. Некои луѓе наоѓаат една или или две монети, па ги оставаат и ги чуваат како спомен.
Има две работи што треба да ги знаете кога ќе најдете монета: Да се сетите за што сте размислувале во тој момент, бидејќи тоа може да биде одговор на вашите размисли, она што ви пречи, на вашите дилеми; и да го забележите бројот на монетата.
Монета со број 1
Овој број е поврзан со нов почеток. Тоа е знак за нови идеи, но може да укаже и на успех, големи достигнувања и напредок. Ако најдете таква монета, тоа покажува дека ангелите и душите ви кажуваат како ве водат на патот што носи успех и дека ќе бидете позитивно насочени.
Монета со број 10
Овој број претставува будење и е знак дека треба да обратите внимание на некои работи, да им верувате на вашите инстинкти и да продолжите напред со својата одлука. Исто така, покажува дека имате поддршка од духовниот свет и дека се што ве загрижува ќе се реши правилно.
Кимберли Ахри ја напишала книгата „Значењето на пронаоѓањето монети: пораки и духовни увиди”, која се фокусира на духовното значење на наоѓањето монети. Во книгата, меѓу другото, таа ги опишува своите искуства со пронајдените монети.
„Секогаш наоѓам монети на некои најчудни места. Ми се чини дека тие се појавуваат во време на финансиски тешкотии, кога сум во депре-сија поради недостиг на пари. Верувам дека наоѓањето монети е комуникација со Божественото”, вели Ахри.
Таа детално опишува едно такво искуство:
„Бев во една продавница пред неколку месеци и немав многу готовина. Застанав во ред и ја пребарував чантата за да најдам доволно пари да платам за намирниците кои сакав да ги купам. Кога ја напуштив продавницата, си помислив, како ли успеав да ги потрошам последните пари токму сега.
Кога стигнав до автомобилот, ја отворив вратата за да ги сместам намирниците и видов дека нешто блеска во грмушката близу паркингот. Блесокот ме привлече, а кога се наведнав видо. дека тоа е таричка.
Ја зедов паричката и му се заблагодарив на Бога за тоа. Секој пат кога ќе најдам паричка, ја толкувам како негова порака која ми вели: „Не грижи се за парите и финансиите. Јас ќе се погрижам за твоите потреби“.